Театарот е убавина која им ја должиме на децата: Гледањето претстави или учеството во процесот на создавање ќе им помогне да се осознаат себеси и светот

Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста кон нив сега, овде и секојдневно е да им овозможиме театар, вели претседателката на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ, Јулијана Мирчевска во пораката по повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март.

110

Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста кон нив сега, овде и секојдневно е да им овозможиме театар, вели претседателката на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ, Јулијана Мирчевска во пораката по повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март.

Како што истакнува Мирчевска, гледањето претстави или впуштањето во процесот на создавање театарска претстава ќе им помогне на децата не само да го осознаат светот, туку да се осознаат и себе си.

„Членот 13 од конвенцијата на ОН за заштита на правата на децата вели: ‘Детето има право на слобода на изразување која ја опфаќа и слободата да бара, да прима и да дава информации и идеи од сите видови, без оглед на границите, било усно или писмено, преку печатот, уметноста или друг медиум по избор на детето’. Театарот е слобода на изразувањето, креирањето. Театарот е љубов. Театарот е свет без граници, како детската креативност, детската фантазија и чиста љубов која ни е потребна како никогаш до сега. Должни сме да им дадеме слобода на изразување и простор каде имагинацијата е реалност а каде емоцијата не е слабост. Да видат, да слушнат, да почуствуваат се околу себе и во себе. Одведете го детето на театар или театарот однесете го до секое дете. На ова би додала: Вклучете го секое дете во создавањето театар“, наведува Мирчевска.

Според неа, детството е најубавиот период од животот кога се формираат идните „големи луѓе“.

„Ова е период во кој треба да ги насочиме децата, да им овозможиме возбудливи доживувања, одговори на многу животни прашања, но и да создадеме индивидуалци со вистински вредности. Секој театарски работник и секој уметник да се посвети повеќе на создавање дела за деца или работа со децата. Театар за секое дете од градските и руралните средини. Децата се нашата иднина, а за да имаме убава иднина треба да се вложиме денес. Театарот е убавина која им ја должиме на децата“, истакнува Мирчевска.

Повеќе