Предвремено родените бебиња најчесто имаат проблеми со дишењето, жолтица, инфекции, крвавење во мозокот

Предвремено породување е секое породување каде бременоста завршила со раѓање на незрело новороденче пред да биде комплетирана 37 гестациска недела. Согласно гестациската возраст, тие се поделени во три групи: умерено незрели од 33 до 36 недела, многу незрели од 28 до 32, екстремно незрели под 28 гестациска недела, објаснува во интервју за МИА д-р Александра Христова од кумановската болница

2.050

Редовно следење на бременоста, правилен начин на исхрана, умерена физичка активност, се препораките на кумановските лекари до бремените жени по повод Меѓународниот ден на предвремено родени бебиња – 17 ноември. Во кумановската болница 2,8 проценти од родените, се предвремено родени бебиња. Грижата за најмалите борци трае сè додека има потреба, вели д-р Александра Христова, супспецијалист неонатолог, раководител на оддел за неонатологија во кумановска општа болница.

Што претставува предвремено раѓање?

Предвремно породување е секое породување каде бременоста завршила со раѓање на незрело новороденче пред да биде комплетирана 37 гестациска недела. Согласно гестациската возраст, тие се поделени во три групи: умерено незрели од 33 до 36 недела, многу незрели од 28 до 32, екстремно незрели под 28 гестациска недела.

Колку тежат новороденчињата и колку е ризична по здравјето тежината на предвреме родените бебиња?

Според родилната маса,предвремено родените деца може да бидат со мала родилна маса, телесна тежина под 2.500 килограми, многу мала родилна маса, под 1,5 и екстремно мала родилна маса под еден килограм. Колку се помали и колку се понезрели, прематурните новороденчиња толку е поголем предизвик за неонатолозите. Тоа подразбира борба со низа компликации кои можат да настанат токму во тој ран постнатален период. Истовремено колку се понезрели, тие се со поголем ризик за несакан исход.

Какви се условите за грижа на предвремено родени деца во родилиштето при Општа Болница Куманово?

Според опременоста и според човечките ресурси со кои располага нашето родилиште, тоа влегува во родилиште од второ ниво на здравствена заштита на бремени жени и новороденчиња. Кумановското родилиште прифаќа новороденчиња со полна 33 гестациска недела. Kaj оние бремености, кај кои постои можност од евентуално предвремено породување, колегите гинеколози од примарна заштита прават добра проценка, како и гинеколозите од болницата, за пренос на мајката до терцијарно ниво на здравствена заштита, каде постои соодветна опременост за прифаќање на новородено под 33 гестациска недела. Во спротивно, сите бремености кај кои постои тенденција од нивно предвремено завршување по оваа недела, можат да се завршат и во нашето родилиште. Ова се должи на добра опременост на нашето родилиште од 2019 година и на кадровската расположливост.

Во 2020, 2021 и во оваа 2022 година, процентот на предвремено добиени новороденчиња е околу 2,8 проценти на годишно ниво. Тука влегуваат две новороденчиња, кои од 2020 година кои спаѓаат во групата на екстремно прематурни новороденчиња, кои по стабилизација и интубација се трансферирани на трето ниво на здравствена заштита.

Кои се причина за предвремено породување?

Причини се различни обично проблеми околу постелката, околу-плодовата вода, инфекциите на гениталиите и уринарните патишта, хронични болести на мајката, висок крвен притисок, шеќерна болест и од генетските аномалии на плодот. Понататаму повеќеплодна бременост и ризична група се трудници под 18 години и трудници над 35 години.

Затоа е многу важно редовно следење на секоја бременост независно која бременост е по ред. И спроведување на сите мерки за антенатална грижа во текот на бременоста.

Кои се најчестите проблеми со кои се среќаваат лекарите неонатолози по добивање на предвремено новородено?

Тоа се проблеми со дишењето, жолтица, воопштени инфекции пропратени со крвавење во мозокот.

Како се третираат предвремено родените новороденчиња?

Тука спаѓа превентивен третман во текот на бременоста и третман по породувањето. Во делот на превентивен третман се даваат лекови кои го потпомагаат зреењето на белите дробови на новороденото и давање на антибиотици на мајката кога постои предвремено прскање на плодовите опни.

Во делот на третманот по породување тука спаѓа, сместување на незрелото новородено во термо-неутрална средина, инкубатор, обезбедување лекови, замена на електролити при нарушување на внатрешна средина, добар менаџмент на течности според возраста и според телесната тежина на новороденото.

Повеќе