Природно породување или царски рез? Што е подобро за мајката и за бебето?

Многу лекари денес предлагаат царски рез само затоа што нивните пациентки се плашат од болката при природно, вагинално породување. Но, царскиот рез од друга страна може да има многу несакани нуспојави и за мајката и за детето. Затоа одлуката треба да се донесе откако ќе се земат предвид сите факти и ризици и нужно според советот на вашиот лекар.

113

Во споредба со вагиналното породување кое е придружено со помали количини на употребени лекови и пократок престој во болница, хируршкото породување не е без ризици и компликации. Затоа лекарите по правило, освен ако ситуацијата не го бара тоа, препорачуваат природно, вагинално породување.

Меѓутоа, факт е дека стравот од породилните болки, па дури и планирањето на датумот за раѓање се главните причини поради кои многу жени сѐ повеќе бараат да се породат со царски рез.

Освен недостатоците кои ги носи со себе царскиот рез во ваквите случаи, треба да се имаат предвид и оние факти кои се однесуваат на новороденчињата.

Респираторни проблеми и помал коефициент на интелигенција

Имено, научниците докажале дека бебињата родени со царски рез имаат понезрели бели дробови, поради што често имаат респираторни проблеми и склоност кон белодробни заболувања.

Поради анестетикот, бебињата побавно се прилагодуваат на надворешната средина.

И мајката има многу проблеми, како ризик од тромбоза и инфекции, проблеми со лактација, отежнато доење и прв контакт со бебето.

Научниците од Јеил тврдат и дека бебињата родени по природен пат имаат поголем коефициент на интелигенција од бебињата родени со царски рез.
Причината е протеинот UCP2, кој влијае на интелигенцијата, а чие ниво е зголемено во мозокот на природно родените деца.

Овие резултати од истражувањето се многу важни поради зголемените барања на жените да раѓаат со царски рез, а чија оправданост треба да се доведе во прашање.

Еве кои се другите недостатоци на царскиот рез

Подолго закрепнување. Стравот од болка за време на породувањето често ги наведува бремените жени да одлучат да се породат со царски рез, што се смета за побрз процес кој бара само ден или два престој во болница. Но, поради употребата на анестезија и други лекови, како и самата операција, опоравувањето е подолго во споредба со она по природното раѓање.

Зголемена можност за инфекции, крварење и тромбоза.

За разлика од природното раѓање, царскиот рез ги зголемува шансите за инфекција и на надворешните и на внатрешните засеци.

Во некои случаи, може да се појави тешка инфекција, која бара дополнителна операција и високи дози на антибиотици.

Во многу случаи, жените по породувањето со царски рез се жалат на вишок килограми кои се концентрирани во пределот под засекот. Слично на тоа, многу жени се жалат на губење на чувствата во и околу областа на засекот.

Во споредба со бебињата родени по природен пат, бебињата родени со операција, поради лековите што се користат за време на операцијата, не се целосно рецептивни веднаш по раѓањето. Исто така, доењето на „хируршките“ бебиња бара поголем напор од доењето бебиња родени вагинално.

Како да ги избегнете штетните ефекти од царскиот рез

За да избегнете болка и траума по операцијата, можете да внесете некои промени во вашата дневна рутина.

  1. Започнете редовно да шетате веќе неколку месеци по породувањето. Ова ќе помогне да се одржи флексибилноста на телото и да се отстрани вкочанетоста по операцијата.
  2. Можете да започнете редовен режим на вежбање за да го одржите вашето тело активно и флексибилно.
  3. Задолжително земајте ги сите лекови онолку долго колку што ви препишал вашиот лекар, за да спречите развој на пост-породилна инфекција и други компликации.
  4. Одете на редовни прегледи за да избегнете какви било компликации по породувањето.

Сè на сè, најдобро е да се одлучите за царски рез само кога е потребно, а не само за да ја избегнете болката и напорот од природното породување.

Зошто да ризикувате непотребна операција, кога во денешно време постојат природни и подобри техники за породување со многу помалку компликации?!

Кој мора да оди на царски рез?
Здравствените причини поради кои треба да се прави царски рез се хипертензија, дијабетес и други болести на трудниците, а честа причина е и состојбата по претходниот царски рез.

Но, не им се препорачува на трудниците со тешки белодробни заболувања, а не се препорачува и ако има генетски аномалии на плодот.

Повеќе