Психотерапевтка открива 7 знаци кои покажуваат дека имате трауми од детството

Психотерапевтката Аманда Робинс со години работи токму со луѓе кои од најрана возраст „влечат“ одредени проблеми кои и ден-денес влијаат врз нив, но и врз нивните врски со другите луѓе.

577

Многу истражувања покажале дека одредени трауми од детството и тоа како влијаат на нас во возрасниот период од животот. Психотерапевтката Аманда Робинс со години работи токму со луѓе кои од најрана возраст „влечат“ одредени проблеми кои и ден-денес влијаат врз нив, но и врз нивните врски со другите луѓе.

Како што објаснува на својот блог постојат неколку знаци кои откриваат дека имате трауми од детството а тоа се главно лошото воспитување, поточно, одредено однесување на родителите. Иако некои од нив се многу суптилни и малкумина би ги поврзале со погрешно воспитување всушност имаат врска со проблематични и токсични родители за кои Робинс напишала и неколку книги.

Тие вклучуваат:

проблеми со воспоставување контакт со очи

лошо држење на телото

склоност кон депресија

проблеми со спиењето

недостаток на доверба и незадоволство од односите со другите луѓе перфекционизам

постојана потреба да им се угодува на другите луѓе

Повеќе