Ранг-листа на внуци на една баба: Нејзината љубов треба да се заслужи

Мери Ла Морте е баба на 10 возрасни внуци и во својот дом во Њу Џерси има дрвена табла со нивните фотографии. Но тоа не е обична табла, туку ранг-листа од 1 до 10, на која внуците ги разменуваат позициите според заслугите

238

Една баба од Њу Џерси стана популарна на социјалните мрежи откако нејзиниот внук Ден Ла Морте откри на ТикТок дека баба му има систем на рангирање на нејзините внуци, од најдобрите, до оние кои поради различни причини, не ја заслужуваат нејзината љубов.

„Таа има магнетна табла со фотографии од нејзините 10 внуци на неа и нè подредува од број 1 до број 10“, објаснува Ден во видеото кое собра повеќе од два милиони прегледи.

Ден беше рангиран на 4-то место, што тој признава дека е највисокото што некогаш го заработил.

„Но, имам две нови тетоважи, па малку сум загрижен каде ќе завршам“, додава тој.
И беше во право. Кога неговата баба влезе во кадар, Ден ѝ ги покажа тетоважите, а таа веднаш го премести од 4-то место на последното.

Братучетката на Ден, Жаклин е на прво место бидејќи купила куќа спроти баба ѝ и ѝ помага цело време. Џиана е меѓу омилените на баба Мери Ла Морте бидејќи „сака животни и ја цени интелигенцијата“. Аријана е секогаш позади бидејќи „има многу тетоважи и не ѝ се јавува на баба ѝ доволно често“.

Ден призна дека неговата баба го преселила на број 3 откако видеото на ТикТок стана популарно.

„Кога ќе се омажите или ќе ожените и ќе имате деца, дефинитивно ќе се искачите по скалата на баба“, вели тој.

Повеќе