Размислете за староста додека сте уште млади

Добрата пензија не е единственото нешто што може да ја направи староста посреќна и побезгрижна, размислете на време и не чекајте последен момент. Размислете за староста додека сте уште млади.

432

Дали некогаш сте се запрашале како сакате да ги поминете постарите години? Финансиската сигурност е првото нешто што им паѓа на ум на повеќето од нас. Но, што друго можеме да направиме за побезгрижна старост?

Добрата пензија не е единственото нешто што може да ја направи староста посреќна и побезгрижна, размислете на време и не чекајте последен момент. Размислете за староста додека сте уште млади.

Изградете социјални врски кои не се поврзани со семејството

Да бидеме реални, кога ќе остариме нема да можеме постојано да сметаме на нашите деца и на тоа дека тие ќе бидат тука за нас за секој проблем и затоа е многу важно околу вас да создадете круг на луѓе кои немаат никаква врска со семејството. Покрај тоа што ќе имате побогат и затоа и поинтересен живот, понекогаш повеќе ќе ви треба нивната помош отколку помошта на вашите деца. Запомнете дека вашите деца ќе имаат свој живот и немојте еден ден да им се лутите заради тоа.

Бидете активни

Не се затворајте во домот, бидете активни, дружете се, прошетајте, одете на вечери, во кино, во театар, искористете го времето колку што можете повеќе. Еден ден кога ќе западнете во старост нема да можете повеќе да го правите тоа, не дозволувајте да се каете за ништо.

Не купувајте непотребни работи
Сигурно и вие сте имале прилика да видите куп работи кај родителите или кај баба ви и дедо ви кои не служат за ништо освен за собирање прашина. Не си го дозволувајте истото. Купете го само она што е потребно, чувајте ги само најскапоцените спомени, бидејќи во старост вишокот работи само ќе ви биде проблем, а колку повеќе години поминуваат, толку потешко ќе се ослободите од нив. Направете го вашиот животен простор удобен, простор во кој ќе може да циркулира воздух.

Донесете на време важни одлуки

Ова се однесува на финансиите и местото на живеење. Обидете се да направите план додека сте уште во можност да го спроведете. Ако живеете во зграда без лифт, на четврти кат, размислете дали ќе ви одговара кога телото нема да ве слуша како во помладите денови. Со оглед на висината на пензиите овде, погрижете се да платите за некое животно осигурување или заштедете колку што можете.

Со овој план не само што ќе си обезбедите побезгрижна старост, туку многу ќе им олесните на децата и семејството.

Повеќе