Ако ги правите овие три грешки, би можеле да одгледате нарцисоидни деца

Мала е веројатноста дека некој се раѓа со нарцизам. Станува збор за однесување кое може да се развие во зависност од околината и кај возрасните и кај децата.

521

Нарцисоидноста се карактеризира со чувство на супериорност, недостаток на емпатија, злоупотребување, ладен или вообразен став, нетолеранција, потешкотии во создавањето долгорочни пријателства и навика да се обвинуваат другите за сопствените грешки.

Невролозите и експертите веруваат дека родителите играат значајна улога во воспитувањето на нарцисоидни деца. Неколку родителски грешки често се поврзуваат со такви особини кај децата.

Не ги препознавате сопствените негативни однесувања

Како родител, имате право да го исправите негативното однесување на вашето дете, но како возрасен треба да бидете свесни и за сопствените грешки и да ги признаете. Вашите деца учат гледајќи ве и угледувајќи се на вас, што значи дека ако се прикажете во негативно светло, тие веројатно ќе тргнат по вашите стапки.

Ги поништувате емоциите на вашето дете

Вашиот однос со вашето дете исто така влијае на тоа каква личност ќе стане. Ако постојано ги негирате или ги поништувате емоциите на вашето дете, ако постојано му кажувате дека тоа што го чувствува е погрешно, веројатно ќе му биде тешко да го контролира своето однесување. Комуницирајте со вашето дете и кажете му дека разбирате ако е вознемирено. Подадете му рака и помогнете му да најде решение. Така ќе ја разбере емпатијата.

Не го контролирате нарцисоидниот став на детето

Испадите во јавноста, неприфаќањето на сопствените грешки и обвинувањето на другите се некои од знаците на нарцисоидно дете. Како родител, треба да реагирате доколку забележите дека вашето дете се однесува несоодветно. Решете го тоа со поставување прашања, како „што се случува?“, „како се чувствуваш?“ или “може ли да ти помогнам?” Ова се прашања поради кои децата се чувствуваат слушнати.

Што да се прави?

Постојат многу начини да се справите со нарцизмот кај детето. Некои од стратегиите вклучуваат:

сакајте го вашето дете безусловно и не поставувајте нереални очекувања,
помогнете му на детето да развие емоционална интелигенција и да разбере како неговото однесување влијае на другите,
моделирајте добро однесување,
зајакнете ја способноста за слушање на детето,
поставете граници,
пофалете го детето кога му помага некому.

Повеќе