Ретка снимка од бебе родено во недопрен водењак (ВИДЕО)

Еден од 80.000 случаи: Неверојатното видео од бебе родено во водењакот воодушеви милиони луѓе ширум светот

1.030

Секој кој доживеал или присуствувал на раѓање знае колку е магично да се биде сведок на раѓањето на бебето. Секое раѓање е единствено, а секое родено бебе е индивидуа со неопислив потенцијал. Сепак, некои раѓања се навистина необични, а доказ за тоа е и ова видео на бебе родено во недопрена плодова кеса.

Имено, во огромното мнозинство на раѓања, во одреден момент од процесот на раѓање пука заштитната плодова кеса која го држи бебето и плодовата вода. Како и да е, породувањето додека сè уште е во недопрен водењак, познато како en caul пораѓање, се случува само во приближно 1 од 80.000 случаи. Почеста е кај царски рез отколку кај вагинални породувања, но генерално е многу ретка, пишува Upworthy.

Понекогаш ова породување се нарекува „раѓање на сирена“ или „раѓање со превез“ и се смета за знак на среќа за бебињата и родителите во некои култури. Од научна гледна точка, пораѓањата во водењак ни даваат „одблиску“ поглед на животот на бебето во утробата.

Поради реткоста на вакви раѓања (и разбирливата желба за приватност на пациентите), јавноста често не може да види како тоа изгледа. Но, виралното видео кое прикажува бебе штотуку родено во водењак е навистина прекрасна глетка. Видеото го сподели др. Игнасио Перез Томасоне, гинеколог од Аргентина, на својот Инстаграм профил. Др. Томасоне редовно споделува видеа од раѓање на својот Инстаграм, но тие обично не собираат повеќе од 3 милиони прегледи или не добиваат коментари од луѓе ширум светот, но ова е исклучок.

Повеќе