Родителите зумери ги критикуваат некогаш популарните родителски методи: Ова не е прифатливо!

Нејзиниот став е во согласност со трендот на нежно родителство, кое се карактеризира со поемпатичен пристап кон воспитувањето.

500


Секоја нова генерација го менува мислењето за тоа како е најдобро да ги воспитува децата, а методите на членовите на генерацијата Z, накусо, зумерите, односно, наследниците на генерацијата милениумци, јасно исклучуваат некои техники што ги користат милениумците или бумерите.

Јасмин Џонс (23) која станала мајка, во видеото кое го објави на Тик-Ток откри кои работи треба, а кои не треба да се прават.

Таа критикува бројни родителски трендови кои потекнуваат од периодот на бејби бумерите, генерацијата X и генерацијата Y, односно милениумците.

„Тоа се работи кои генерацијата на нашите родители ги рекла или ги направила, а ние нема да ги практикуваме со нашите деца“, стои во описот на видеото кое поттикна дебатата.

Џонс се противи на физичкото казнување, карање пред децата и дозволување на децата да се исплачат.

Исто така, таа не сака да го праќа детето во кревет без вечера или да го присилува да јаде.

Нема намера да ги игнорира чувствата на детето, да го остави детето без надзор од возрасен или сам дома.

Ветува и дека никогаш нема да ја користи фразата „децата во Африка се гладни“.

Нежното родителство е тренд денес

Додека некои сметаат дека е шокантно што некои од споменатите практики сè уште постојат, други веруваат дека некои од овие работи се клучни за воспитување независни деца.

„Имате бебе. Да видиме дали за неколку години ќе држите вакви предавања“ – е коментарот на една личност.

„За неколку години ќе се смеете на тоа што сте го напишале“, вели друг.

„Воспитувајте независни, а не исплашени деца. Глупости“, вели трет.

Џонс верува дека ова се коментари од членовите на постарите генерации кои можеби се чувствуваат нападнати.

„Искрено, не очекував видеото да привлече толку големо внимание, а уште помалку да биде толку контроверзна тема“, изјавила Џонс за Newsweek.

Нејзиниот став е во согласност со трендот на нежно родителство, кое се карактеризира со поемпатичен пристап кон воспитувањето.

Нежното родителство ја нагласува почитта и границите и се фокусира на усмерување на децата наместо на казнување.

Повеќе