Родителски грешки поради кои децата не сакаат да јадат здрава храна
Еве неколку совети кои ќе му помогнат на вашето дете да развие позитивни навики во исхраната. Поточно, сакаме да ви го свртиме вниманието на неколку грешки кои можеби се одговорни за одбивањето на вашето дете да го јаде тоа што вие му го нудите:
Ако сте еден од оние родители кои сакаат нивното дете да јаде здрава храна и да има урамнотежена исхрана, мора да знаете дека ова е многу полесно да се каже отколку да се направи. Особено кога децата се немилосрдни кога им нудите зеленчук што не го сакаат, пишува Netmums.
Еве неколку совети кои ќе му помогнат на вашето дете да развие позитивни навики во исхраната. Поточно, сакаме да ви го свртиме вниманието на неколку грешки кои можеби се одговорни за одбивањето на вашето дете да го јаде тоа што вие му го нудите:
Не им дозволувате на децата да си играат со храната
„Престанете да си играте со храната!“ е реченица која најчесто ќе ја слушнете на масите ширум светот. Но, дозволувајќи му на вашето дете да ја допре храната може да го поттикнете да проба храна што инаку не би ја јадело. Истражувачите од Универзитетот Де Монтфорт во Лестер ја потврдиле теоријата дека детето ќе ја изеде храната со која му е дозволено да си игра.
Ги терате да изедат сè
Можеби кога сте биле дете, вашите родители инсистирале да изедете сè што е во вашата чинија, но добрата вест е што не мора да му го правите истото на вашето дете. Истражувањата докажале дека ако детето не изеде сѐ што е во чинијата, тоа е затоа што нема апетит, а кога ќе го присилите да јаде сè, тоа може да доведе до прејадување и дебелеење кога детето е постаро.
Брзо се откажувате
Ако вашето дете одбие да јаде одреден вид храна, не се откажувајте следниот пат да му ја понудите. Според експертите, истото јадење треба да го послужите 15 пати за да видите дали вашето дете ќе го јаде.
Не дозволувате децата да ви помагаат во кујната
Кога подготвувате вечера, слободно дозволете му на вашето дете да ви помогне. Според истражувачите од Универзитетот Колумбија, ова може да го поттикне да проба нова храна. Во истражувањето спроведено од научниците дошле до резултат дека е поверојатно детето да го изеде оброкот во чие подготвување и самиот учествувал.
Ги терате децата да јадат кога не се гладни
Апетитот на вашето дете може да се менува од ден на ден. Затоа, не грижете се ако понекогаш е незаинтересиран за храна. Веројатно сето тоа ќе го надомести утре.