Родителството не е демократија! Кога дозволувате какво било однесување и не се мешате, тоа е најлошото што можете да го направите за детето

Можеме да зборуваме за три форми на родителство. Едното е попустливото родителство, кога дозволувате какво било днесување и не се мешате.
Тоа е најлошото нешто што можете да го направите. Децата треба да чувствуваат дека е некој главен, вели Габор Мате, канадски психолог со унгарско потекло

5.579


Какви видови родителство постојат и како се манифестираат овие форми на воспитување, како и што е најдобро за детето, зборува Габор Мате, канадски психолог со унгарско потекло, кој се заинтересирал особено за развојот на децата и влијанието на раното детство врз особините на возрасните…

Габор Мате ги објасни трите форми на родителство и како да ги препознаете:

„Можеме да зборуваме за три форми на родителство.

Едното е попустливото родителство, кога дозволувате какво било однесување и не се мешате.

Тоа е најлошото нешто што можете да го направите. Децата треба да чувствуваат дека е некој главен.

Родителството не е демократија. Тоа е хиерархија. А во хиерархијата постои доминантна сила. Родителот доминира над детето не за да го искористува или ограничува, туку за да го негува и поддржува.

Ако имате едногодишно дете, тоа нема право на глас за да одлучи дали ќе лази надвор во зима. Едноставно е така, тоа е хиерархија, а не демократија.

Значи, тоа е попустливо родителство и не е особено добро.

Постои и казнено родителство – тоа е авторитативно родителство.

Помеѓу е златната средина.

Значи, имаме попустливо родителство, авторитарно родителство, а има и авторитативно родителство во средината, а тоа е – јас сум главен, знам што е добро за тебе.

Јас сум авторитет, па знам што да правам со тебе.

Затоа, кога детето е вознемирено, велам „Вознемирен си. Ѝ се лутиш на мајка ти. Мама не ти дава слатки пред вечера. Вознемирен си поради тоа. Дојди овде. Знам како се чувствуваш“.

Со други зборови, ја препознаваш емоцијата, не го казнуваш детето затоа што е емотивно и го гушкаш затоа што детето треба да научи дека може да помине низ овие комплицирани емоции и да ги надмине”.

Повеќе