Сега ќе се пресоблечеме, па ќе одиме да спиеме… Дали кога зборувате за вашето дете велите – НИЕ?
Ааа, ние имаме девојка! Не носиме веќе хулахопки! Научивме да возиме велосипед!…Ова се само неколку примери за тоа како некои родители се изразуваат кога зборуваат за своите деца. Еве зошто се тие на погрешен пат!
Ако често зборувате за детето користејќи ја заменката НИЕ, веројатно е дека имате искуство на симбиотска врска со детето:
Повеќе не носиме хеланки во градинка.
Ние се за вљубивме.
Почнавме да јадеме кашички.
Почнавме да одиме на пливање
Тренираме карате
Примери
„Ние сме слатко девојче, сè ни се простува“, било објаснувањето на таткото на Софија (12-години) зошто очекува таа да не биде казнета за отсуство од час. На зачудениот соговорник ништо не му било јасно, а дури на прашањето: „Чекајте. Ние сме симпатично девојче, …не разбирам, кој е симпатично девојче“, добил одговор од таткото на Софија: „Аха, …па Софи“.
Намера
а) Обично немате посебни намери и можеби не сте ни свесни дека кога зборувате за вашето дете, користите прво лице множина.
б) Вие сте блиски со детето до тој степен што доживувате како да она што му се случува на детето, ви се случува и вам.
Факти
Фактот е сосема очигледен: вие не сте вашето дете. Или конкретно: не сте вљубени, не сте симпатично девојче, не одите во градинка, ниту во хеланки ниту во нешто друго. Ако често зборувате за детето користејќи ‘ние’, веројатно имате искуство на симбиотска врска со детето. Ваквиот однос со детето може да биде важен за вас, а на детето му е потребен на многу рана возраст, додека е сè уште бебе. Бебето навистина има доживување на целина со мајката, а од друга страна, на мајката ѝ е полесно да воспостави подобра комуникација со бебето и да ги задоволи нејзините потреби во некаква симбиотска врска. Проблемот може да се појави ако овој вид на врска се продолжи да се негува и подоцна, кога детето е предучилишно дете, ученик или тинејџер. Во овој тип на врска станува тешко да се препознае каде завршува детето и каде започнувате вие. Имајќи го тоа предвид, не е исто дали зборувате за вашето едномесечно бебе и велите: „Денес добро спиевме“ или велејќи: „Вљубени сме“ за вашата 16- годишна ќерка. Во првата ситуација, ова е сосема разбирливо, а во втората, би било добро мајката да си го стави прстот на чело и да се запраша дали не е време да ѝ дозволи на својата ќерка да се вљубува и одљубува без неа.
Дали сум на погрешен пат?
1. Ако вашето дете е бебе, и користите НИЕ кога зборувате за него – НЕ сте на погрешен пат.
2. Ако зборувате за дете, а детето не е бебе, користејќи го првото лице множина – тогаш СТЕ на погрешен пат.
Однесување на детето
Понезрело однесување отколку што се очекува на таа возраст.
Детето ќе има послаба емоционална контрола
Детето ќе има потешкотии во преземањето одговорност.
Детето може да биде помалку независно од неговите врсници.
Низок праг на толеранција на фрустрации
Можни исходи:
Емоционална и социјална незрелост
Тешкотија да се препознае што се случува и да се преземе одговорност за тоа
Послаба социјална адаптација
Несамостојност
Пониска самодоверба
Тешкотии во постигнување адекватни партнерски односи
СОВЕТ
Ако вашето дете е бебе, уживајте во симбиотската врска,
Ако вашето дете не е бебе, прифатете ја разделбата како нормален дел од созревањето и растењето.
Елиминирајте го бебешкиот говор во множина и бебешкото однесување.
ПОРАКА:
Чувството на независност кај детето може да се развие само ако родителот во текот на растењето на детето е подготвен за тоа. А на подолги стази, тоа е еден од најголемите подароци што можеме да му ги дадеме на детето.