Сега ќе ти сменам пелена, дали е тоа во ред?

Експертка за сексуалност тврди дека родителите треба да бараат дозвола кога сакаат да им ги сменат пелените на бебињата. Што мислите вие за ова?

158

Експертката за сексуалност, Дина Карсон, вели дека родителите треба да побараат дозвола од своето бебе пред да му ја сменат пелената. Таа смета дека ова е начин да се воспостави таканаречената култура на согласност. Како точно таа го замислува тоа, објаснила во емисијата Good Morning Britain.

„Децата постојано комуницираат со нас, невербално. По изразот на лицето на бебето можеме да забележиме дали детето се согласува со нешто или не. Движењето на рамената може да биде знак за дозвола”, вели Карсон.
„Сега ќе ти сменам пелена, дали е тоа во ред?“. Ова е, според Карсон, пример за прашањата што родителите треба да му ги постават на своето дете пред да го пресоблечат.
„Вака му давате до знаење на бебето дека се грижите за неговиот одговор и дека ви е важен“, вели Карсон.

Повеќе