Секој трет родител ја прави оваа грешка: Дали и вие му давате на детето лекови против температура за помалку од 38 степени?
Експертите откриле и дека дури 50 отсто од родителите користат лекови кога температурата на детето е помеѓу 38 и 38,8 степени, а четвртина од родителите им даваат на децата зголемена доза лек за да спречат повторно да се зголеми температурата.
Зголемената температура е природна реакција на телото да се бори против инфекции. Иако оваа појава е честа, особено кај децата, педијатрите предупредуваат дека секој трет родител прави една грешка кога нивното дете има температура, пренесува The Sun.
Лекарите од Универзитетот во Мичиген велат дека, иако повеќето родители знаат дека температурата помага во борбата против инфекциите, секој трет сепак му дава на своето дете лек за намалување на температурата кога е таа под 38 степени, што не се препорачува.
Експертите откриле и дека дури 50 отсто од родителите користат лекови кога температурата на детето е помеѓу 38 и 38,8 степени, а четвртина од родителите им даваат на децата зголемена доза лек за да спречат повторно да се зголеми температурата.
Педијатарката Сузан Вулфорд затоа ги советува сите родители да не брзаат со лекувањето доколку нивното дете има температура.
„Родителите често се загрижени кога нивното дете има температура и сакаат да направат се што можат веднаш да ја намалат. Сепак, тие можеби не се свесни дека, генерално, главната причина за лекување на температурата е да му се даде енергија или апетит на детето или да се направи да се чувствува подобро ако неговата состојба е исклучително лоша. Некои родители може веднаш да побрзаат да им дадат лек за намалување на температурата на децата, но често е подобро да се остави таа да помине сама по себе. Намалувањето на температурата кај детето која не е многу висока обично не помага болеста побрзо да помине“, објаснува Вулфорд.
Напротив, кога телото на детето се бори со одредена инфекција или болест со температура, нејзиното намалување ќе го направи телото поподложно на болеста.
„Всушност, температурата помага во борбата против инфекцијата. Исто така, постои ризик од давање премногу лекови кога тие не се потребни, што може да има бројни несакани ефекти“, додава таа.