Шармантната баба Џоан, на 93, изгледа фантастично во костим за капење! Сѐ уште се чувствувам младо (ВИДЕО)

Деведесетитригодишната Џоан Вудхаус на Тик-Ток често објавува свои фотографии и видеа, а на прашањето на корисниците на социјалните мрежи која е тајната на нејзиниот изглед вели: „Нивеа“!

161

Џоан Вудхаус (93) е горда на својот изглед и своето тело и често на својот профил на Тик-Ток споделува свои фотографии и видеа во кои е облечена во оскудни фустани, шорцови или костими за капење.

А коментарите на нејзините објави секогаш се исполнети со многу пофалби и воодушевени корисници. „Изгледате фантастично, не ми се верува!“ напишал еден корисник, додека друг додава: „Која е вашата тајна? Сакам да изгледам така на ваши години!“

Џоан одговора на ова прашање во друго видео, објаснувајќи дека тајната на нејзиниот изглед е веројатно во тоа што не го менува својот омилен крем за нега на лице и тело кој го користи од својата 16-та година. Станува збор за брендот „Нивеа“.

„Па, мојата тајна е Нивеата. Ја користам 70 години. И сега кога размислувам, се бањав со топла бања, излегував од кадата, се сушев и потоа нанесував крема. додека телото ми беше сè уште жешко. Во тоа време кремот не беше мек па размачкувањето беше малку потешко. Претходно морав да го загреам и омекнам. Но, откако се појави овој мек крем, сега е прекрасен“, објаснува таа за The Sun.

„Ова можете да го правите секогаш кога ќе се капете или туширате – загрејте го телото и потоа намачкајте се со кремот и ќе изгледате убаво кога ќе бидете на моја возраст!“, заклучила таа.

Повеќе