Што да се прави кога четиригодишната ќерка ќе ви покаже среден прст?

Луѓето го критикуваат таткото кој се насмеал откако четиригодишното девојче му го покажало средниот прст. Видеото на ТикТок е прегледано 6,7 милиони пати

370

Четиригодишно девојче стана ѕвезда на социјалните мрежи откако му го покажа средниот прст на својот татко затоа што ја задева. Ниа Матанги во вирално видео ја покажа својата дрска страна и целата ситуација поттикна некои да го критикуваат нејзиниот татко Илај.

Малото девојче се расплакало откако нејзината сестра случајно ја удрила додека играле рагби, што го поттикнало нејзиниот татко да ѝ каже дека треба да зацврсне.

„Да зацврснам? Замолчи“, му одговори Ниа на својот татко, а потоа му го покажа средниот прст и продолжи да плаче. Илај гласно се смее и додека некои од луѓето кои го гледале видеото кое на Тик Ток има 6,7 милиони прегледи, мислат дека е смешно, други го критикуваат заради тоа.
„Премногу е добра“, „Ме насмеа до солзи“, „Ќе бев казнет 10 години ако им го направев ова на моите родители“, „Зошто се смееш на ваквото однесување“, се коментарите на некои од луѓето, а Илај решил да одговори на некои од нив.

„Да се ​​зборува за тоа како ваквото однесување е неприфатливо е за друга пригода. Да бидам искрен, го заслужив ова. Луѓето беа вознемирени поради тоа што едно дете покажува среден прст и се согласувам дека таа не треба да го прави тоа, но сѐ се сведува на контекстот и ситуацијата. Не се сметам за строг родител, но имаме граници и вредности на кои ги учиме нашите деца“, вели тој.

@havea_676

Harden up shut up!!🤦🏾‍♂️😂 someones not a happy camper 😂 #havea676 #tongankids

♬ original sound – HaveaMatangi
Повеќе