Што мислите вие за 6-годишно дете што станува во 6 и само си подготвува појадок и облека? (ВИДЕО)

„Мојот малечок има шест години и станува секој ден во 6 часот. Сам си прави појадок, ги завршува домашните работи и потоа оди на училиште“, стои во описот на видеото објавено на TикTок во кое всушност се рекламираат домашни алатки

356

Видео со утринската рутина на 6-годишно дете собрало 27,2 милиони прегледи. На ова момче не му треба помош пред да оди на училиште. Сам станува во 6 часот, ја подготвува облеката, ги мие забите и лицето, потоа прави појадок и ги завршува домашните работи.

„Мојот малечок има шест години и станува секој ден во 6 часот. Сам си прави појадок, ги завршува домашните работи и потоа оди на училиште“, стои во описот на видеото објавено на TикTок.

Откако станува, момчето си ја зема облеката, се облекува и оди во тоалет каде што ги мие забите и лицето. Потоа појадува, оди во тоалет, го мие тоалетот и стаклото на туш кбината. Ги става валканите алишта во машината за перење, го усисува креветот и мете и ги мие подовите во домот. На крајот ги чисти чевлите и ја напушта куќата со кеси за ѓубре за да ги фрли по пат.

@shopping666

My baby is six years old, and he gets up at six every day to cook for himself, do housework and then go to school❤️👏👏#GEICOGiveHappy #shopping666

♬ original sound – Smarthome shopping

Луѓето кои го гледале видеото имааат поделени мислења за рутината на момчето.

„Значи, тој е подготвен да се исели“, Оставете го детето да биде дете, „Тој навистина нема детство. Тој го поминува животот живеејќи како возрасен, „Каде се неговите родители?, зошто шестгодишно дете го прави сето ова?“, „Зарем не треба да си игра надвор?“, „Импресивно, но загрижувачко“, напишаа некои.

Други ги фалат родителите кои така го воспитале.

„Детето од моите соништа“, „Неговите родители му прават услуга и го подготвуваат за успех. Тој ќе им биде шеф на вашите деца“, веруваат тие.

Повеќе