Мојот син стана лекар!

Сириецот Џад Иса е роден со Даунов синдром, а неговата животна приказна е вистинска инспирација.

1.468

Џад Иса е Сириеец, роден е со Даунов синдром и со неговата сопруга се во брак 21 година. Тие го имаат синот Садер, кој моментално студира за да стане стоматолог. Садер неодамна на социјалните мрежи зборуваше за своето семејство за да им покаже на сите колку е горд на својот татко.
„Јас се викам Садер Иса и сум трета година на стоматологија. Татко ми има Даунов синдром. Тој е татко, сопруг и лидер на семејството веќе 21 година. Детето кое ќе порасне со личност со Даунов синдром ќе ја има сета љубов и нежност што му се потребни“, вели Садер.

Тој додава дека не можел да посака друг татко.

„Јас сум горд на него и тој е горд на мене. За овие 21 години се обиде да направи сè за да ми обезбеди нормален живот, како што имаат другите деца. За време на студирањето ми беше најголема поддршка во секој поглед, психички, финансиски“, вели ова момче.

„Татко ми и мајка ми имаат живот полн со љубов, едноставност и понизност. Социјалните односи на татко ми се едноставни и чисти затоа што тој ги сака сите, а за возврат сите луѓе го сакаат и почитуваат и се однесуваат кон него како и кон секое човечко суштество. Една од работите на кои сум особено горд е кога татко ми за прв пат ќе ме запознае со нова личност и ќе каже: „Мојот син е лекар!“ Тоа е исто како да кажеш: „Имам Даунов синдром, но го одгледав син ми и направив сè за да му помогнам да стане лекар кој лекува луѓе…“, открива Садер, чија приказна стана инспирација за многумина.

Повеќе