Што мислите за доење бебе што не е ваше?
Една млада мајка која има млеко во изобилие, одбила да го дои бебето на нејзината јатрва која нема млеко, а нејзиното бебе не прифаќа никаква замена. Ѝ понудила да се издојува, но јатрвата инсистира на доење. Што мислите вие, би доеле ли бебе што не е ваше?
Доењето е напорно, особено ако спиете лошо и истовремено се грижите за нервозно, гладно бебе. Една мајка на Редит го споделила својот нетипичен проблем поврзан со доење.
Јатрва на новопечена мајка споделила објава која брзо го привлекла вниманието на заедницата. Таа рекла дека новопечената мајка инсистирала таа да го дои нејзиното дете. Објаснила дека се породила три месеци пред неа и дека има вишок млеко. Тој вишок најмногу го користела за капење на бебето, а остатокот го замрзнала. Новата мајка, нејзината јатрва, немала толку среќа.
„Докторот ѝ рече дека е во ред да го храни бебето со адаптирано млеко, но мојот внук веднаш го плука. Нејзината јатрва пробала различни брендови и типови на вештачко млеко, но нејзиното бебе не прифаќа ништо од тоа. Така, оваа малку поискусна мајка ѝ понудила малку од своето млеко кое го имала во резерва.
Кога пристигнала со кесичките млеко, работите станале непријатни.
„Таа не го сакаше млекото што го донесов, велејќи дека сака нејзиниот син да пие млеко само од изворот“, напишала мајката. Таа дова дека не ѝ е 100 проценти удобно да дои бебе кое не е нејзино“.
Бидејќи ѝ било непријатно заради барањето на нејзината јатрва, таа ѝ понудила да ѝ донесе свежо издоено млеко, но таа сепак не била задоволна. Ѝ рекла дека е себична и дека не сум подготвена да ѝ помогнам“.
Повеќето читатели се согласиле дека таа не греши
„Ваши гради, ваши правила“, коментира еден. Друга напишала: „Вашата понуда да ги споделите вашите залихи е повеќе од дарежлива. Нејзиното барање да ѝ служите како доилка е лудо, шокантно и крајно непрактично“.
Корисниците на Reddit, исто така, се сомневаат во логиката на ова барање: „Дури и да сте подготвени, како би функционирало тоа, додека не премине на цврста храна?“
Друга ѝ предложила на мајката да му даде повеќе време на своето бебе да се навикне на формулата, пишувајќи: „На бебето му треба време да се навикне на формулата… ќерка ми беше кралица на плукањето до 4 месеци, и тоа е можеби нормално“.
Што велат експертите за отфрлањето на формулата?
Одбивањето на формулата е нормално кај доенчињата, според Клиниката Мајо, и често е предизвикано од прекумерно хранење, недоволно подригнување и лежење веднаш по хранењето. Ова не мора да значи дека бебињата се чувствителни на формулата. Покрај тоа, приспособувањето кон формулата трае подолго од само едно хранење.
На крајот на краиштата, ниту една жена не треба да биде принудена да прави нешто со своето тело што не сака, а тоа вклучува и доење на нејзиниот внук. „Никој нема право на туѓо мајчино млеко“, напиша едно лице. „Дури и вашето сопствено бебе нема право на вашето мајчино млеко. Секое бебе има право да се храни, да. Но, не мајчиното млеко, од одредена личност. Жените имаат право на 100 проценти телесна автономија. Ако не сакаат дојат, од која било причина, како и без причина, тоа е целосно нивно право. Како што е нивно право да дојат, доколку сакаат“.