Што се случува кога аутистичните лица ќе остарат?

Кога ќе се спомне аутизам луѓето прво помислуваат на децата иако аутизмот е целоживотно нарушување. Но, децата со аутизам израснуваат во возрасни личности со аутизам. Не е доволно познато како симптомите на аутизам се менуваат низ растењето, бидејќи аутизмот е релативно ново нарушување,

1.530

Аутизмот е целоживотно нарушување, но сепак, на неговото спомнување луѓето прво помислуваат на децата. Факт е дека децата со аутизам ќе пораснат во возрасни личности со аутизам, но не е доволно познато како симптомите на аутизам ќе се менуваат низ растењето, бидејќи аутизмот е релативно ново нарушување. Првпат е опишан во 1943 година, а е дијагностициран дури во 70-тите години од минатиот век. Дури сега првите дијагностицирани аутистични деца стапуваат во третата животна доба кога можеме да следиме како нарушувањето се менува низ животот. 

Постојат некои студии чиишто заклучоци наведуваат на тоа дека симптомите се намалуваат како што лицата стареат. Таквите извештаи се потпираат на субјективните доживувања на аутистичните лица и нивните семејства. Но, дали тоа е веродостоен доказ? 

Истражувачко-дијагностичкиот центар за аутизам од Саутхемптон собрал 146 лица кои како возрасни пристапиле на дијагностичка постапка. Од тие 146 лица на возраст помеѓу 18 и 74 години, на 100 им било дијагностицирано нарушување од спектарот на аутизмот. 46 лица не добиле дијагноза, но тоа истражување било доволна причина да се воочат фините разлики помеѓу дијагностицираните и недијагностицираните лица иако двете групи имале слични тешкотии. 

Анализата на добиените податоци покажала како изразеноста на аутистичните однесувања и старосната возраст се поврзани. Односно, дека со стареењето се интензивираат симптомите на аутизмот кои се поврзани со социјалните ситуации, комуникацијата и флексибилното размислување (на пример, справување со промените и решавање на проблемите). Исто така, на постарите аутистични лица им е попотребна структурата (на пример, ја следат рутината на решавањето на одредени задачи секогаш на ист начин или ги расчленуваат правилата).

Таквиот образец не е забележан во онаа група на луѓе кај кои не е утврден аутизам. Дали структурата и расчленувањето на правилата е типична за возрасните лица или е знак за влошување на симптомите на аутизам не е доволно јасно. 

Животни стратегии

Мoже да делува изненадувачки дека лицата кои ја стекнале дијагнозаната на аутизам во многу подоцнежна фаза од животот имале поизразени симптоми, а порано да не побарале стручно мислење. Откриено е дека постарите аутистични лица имаат подобри резултати на когнитивните тестови од помладите аутистични лица.

Групата на лица на кои им бил дијагностициран аутизам побрзо размислувала во текот на изведувањето на задачите и постигнувале подобри резултати во задачите кои барале визуелна обработка. Можеби тие способности им помогнале на возрасните аутистични лица да развијат животни стратегии кои им помагаат да се справат со симптомите што може да се објасни зошто кај нив аутизмот не е порано дијагностициран.

Кај двете групи е забележана високо ниво на немир и депресија. Една третина аутистични испитаници пријавиле значително поголемо ниво на немир и депресија од општата популација. Депресијата е ризичен фактор за развој на когнитивните тешкотии и тешкотиите со памтењето.

Таквата голема стапка на депресија кај возрасните аутистични лица може да биде важен податок за лекарите за следење на расположението низ стареењето за аутистичните лица да не назадуваат когнитивно поради депресијата.

Испитаниците немале класичен аутизам. Сите имале когнитивни способности во нормален распон, и не биле дијагностицирани во пораната детска доба кога најчесто аутизмот и се открива. И покрај тоа, постарите аутистични лица во оваа студија покажале поизразени симптоми на аутизам. Тоа наведува на заклучок дека симптомите на аутизам стануваат поизразени низ растењето. Ме]утоа, забележувањето на повеќе симптоми може да биде и одраз на промени во самосвесноста која е општо позитивна. Но, подобра самосвесност може да доведе и до поголемо разбирање на сопствените тешкотии.

Уште не е јасно дали аутистичните лица стареат еднакво како и оние без аутизам. За да се утврди такво нешто се уште е прерано, имајќи предвид дека аутизмот е релативно ново нарушување. Растењето може да биде и многу индивидуално меѓу самите аутистични лица. Тие можат да развијат стратегии со кои се олеснува стареењето, а од друга страна можат да бидат во ризик од депресија и губиток на когнитивните способности. Идејата на истражувачите е реевалуација на состојбите на возрасните аутистични лица на секои неколку години за подобро да се разберат промените настанати со стареењето.

Сите заслужуваме да остариме што е можно попријатно. Единствено со разбирањето како аутистичните лица се менуваат со стареењето можеме да создадеме адекватни услови за да им овозможиме правилна поддршка.

Повеќе