Што се случува кога бебето расте во двојазична средина?

Бебињата изложени на друг јазик развиваат подобро внимание, но тоа е само една од придобивките. Двојазичните бебиња имаат подоцна и побогат речник, подобри логички вештини за решавање проблеми и способност повешто да извршуваат неколку задачи одеднаш

320

Експертите откриле дека еднојазичните бебиња можат да разликуваат фонетски звуци уште на возраст од шест месеци, без разлика дали се зборува на јазикот на кој се навикнати да слушаат или на друг јазик што не се зборува во нивните домови, пренесува Parents. Меѓутоа, еднојазичните бебиња на возраст од десет до 12 месеци повеќе не ги откриваат звуците на друг јазик, туку исклучиво на јазикот што најчесто го слушаат.

Истражувачите објаснуваат дека ова претставува одреден процес на „невронска посветеност“ во кој мозокот на доенчињата се поврзува за да може да разбира еден јазик и неговите звуци. За разлика од нив, двојазичните бебиња наследиле поинаква развојна траекторија. На возраст од шест до девет месеци, тие не откривале разлики во фонетските звуци на ниту еден јазик, но кога биле постари, на возраст од десет до 12 месеци, успеале да ги разликуваат звуците на двата јазика.

„Она што го потврдува нашето истражување е шпекулацијата дека двојазичните бебиња се поотворени кон друг јазик. Двојазичните бебиња не покажуваат перцептивно стеснување со брзината со која тоа го прават еднојазичните доенчиња. Ова е уште еден доказ дека она што го доживувате го обликува вашиот мозок на рана возраст“, ​​објаснува Патриша Кул, професорка на Универзитетот во Вашингтон и една од авторите на студијата.

Двојазичните бебиња имаат подобри логички вештини

Други истражувања на оваа интересна тема покажуваат дека бебињата претпочитаат јазици кои се ритмички слични на јазиците што ги „чуле“ додека се уште во утробата на нивната мајка. Исто така, било откриено дека двојазичните бебиња имаат побогат речник, подобри логички вештини за решавање проблеми и способност повешто да извршуваат неколку задачи одеднаш, за разлика од бебињата кои биле израснати во еднојазични семејства“, пишува Parents.

Во едно истражување, докажано е дека бебињата израснати во двојазични семејства многу побрзо и полесно се прилагодуваат на новата средина и луѓето околу нив отколку што е случајот со бебињата воспитани во еднојазични семејства.

Научниците заклучиле дека разликата помеѓу еднојазичните и двојазичните деца подоцна во животот не е во самиот јазик, туку во вниманието што го користат фокусирајќи се на јазикот, но и многу други работи кои вклучуваат перцепирање на стварноста, отвореност во општеството и подоцна подобар успех во училиште.

Повеќе