Веројатно веќе знаете дека треба да спиете на страна во подоцнежните месеци од бременоста.
Во овој период е невозможно да спиете на стомак, а не е добро да спиете на грб.
Оваа положба може да изврши притисок на матката врз вашите крвни садови ограничувајќи го протокот на крв во срцето и кон вашето бебе. Но, дури сега е направенонистражување кое следело што се случува со бебето кога жената спие на грб во текот на ноќта.
Научниците од Универзитетот во Окленд користеле инфрацрвени видео камери за да снимаат бремени жени додека спиеле, а исто така го следеле и пулсот на мајката и бебето.
Секоја од 30-те трудници кои учествувале во истражувањето била помеѓу 34-тата и 38-мата недела од бременоста и секоја бременост била без компликации.
Врз основа на она што е веќе познато за ограничениот проток на крв додека се спие на грб, не е чудно што фетусот е помалку активен кога мајката е во оваа положба.
Изненадувачки е колку брзо вртењето на мајката на грбот влијае на бебето штом мајката ја смени положбата од страна на грб, нејзиното бебе веднаш станувало помалку активно.
Сето ова звучи многу пострашно отколку што всушност е.
Нормално е да ги менувате позициите за време на спиењето, а ако се разбудите на грб, не паничете. Треба да вежбате да спиете на страна, а можете да користите реквизити како перници.
„Треба само малку да се поместите на страна за да го намалите притисокот; тоа значи дека само треба да ставите перница под колкот и рамото од едната страна. На овој начин перницата ќе ви даде чувство дека лежите на грб, удобно сместени, но ќе бидете доволно навкосени и вашата матка повеќе нема да создава притисок”, објаснила гинекологот Хедер А. Смит за The Bump.