Што треба да носи бебето кога излегува од породилиште во зима?

Бебето конечно дојде! Среќните родители подготвиле речиси сѐ што ќе му биде потребно на бебето на почетокот. Кревет, пелени, облека… сето тоа го чека бебето кога ќе дојде дома. Но, што да му облечете за излегување од породилиштето во зима?

42

Кога сè оди добро и бебето ќе се роди здраво, грижите не завршуваат. Следната грижа на родителите е – како да го облечат бебето за излегување од породилиште и одење дома? Ова е особено предизвик кога станува збор за зимската сезона.

Како да изберете облека за бебето на најдобар начин?

За да бидете сигурни дека сте го избрале најдоброто за вашето бебе, проверете дали облеката што сте ја подготвиле за него ги исполнува следниве услови:

  1. Најважно е облеката што ја носи бебето да биде од памук, односно од природни материјали кои овозможуваат кожата да дише и не предизвикуваат иритација или други кожни реакции;
  2. Облечете го бебето така што да нема губење на топлината на телото, со оглед на тоа што бебињата не можат сами да ја регулираат телесната топлина бидејќи сè уште не е развиена терморегулацијата на нивното тело;
  3. Слоевитото е секогаш најдобро – а бројот на слоеви треба да биде еден повеќе од тоа како се облекувате вие во зимските денови;
  4. Покрај слоевите и природните материјали, облеката за бебето мора да биде и удобна, ништо не смее да го стега или да го иритира, па затоа е подобро да изберете облека што е малку поголема, бидејќи така полесно ќе го облечете;

Како да го облечете бебето за напуштање на породилиштето?

Првото изложување на бебето на надворешниот свет и враќањето дома од породилиштето бара сериозна подготовка. Најважно е да го облечете бебето адекватно и да го заштитите од студот на вистински начин.

Избор на облека за изнесување на бебето од породилиште:

Памучно боди со долги ракави
Шпихозни, односно едноделно комплетче со копчиња или со патент или меки панталони и горен дел (одберете нешто што ќе биде лесно за облекување во породилиштето)
Ако стапалата се слободни – облечете му бебешки памучни чорапчиња
Скафандер – оделото што се облекува над ова треба да биде топол и мек, по можност изработен од непропустлив материјал за да го заштити бебето од надворешна влага/дожд/снег.

Капата и ракавиците се задолжителни
Кога го ставате во автомобилско седиште наменето за бебиња – внимавајте на бебето да му е удобно, да е правилно поставено и во согласност со пропишаните безбедносни упатства. Дополнително, покријте го со заштитна фолија доколку врне дожд или снег и дополнително заштитете го бебето доколку надвор има голем минус, виулица, силен ветер.

Повеќе