Што треба да знаат училиштата за вештачката интелигенција оваа учебна година?

Зборував со група ученици минатата година кои никогаш не слушнале за ChatGPT или VJM. Но, ми рекоа дека ако убаво го прашаш Snapchat, ќе ти ја заврши домашната задача. Како е тоа можно? Snapchat има интегрирано чет-бот со вештачка интелигенција напојуван од ChatGPT, пишува Дејзи Христодулу, теоретичар за образование, за No More Marking

214

На крајот на 2022 година, програмата за вештачка интелигенција (AI) наречена ChatGPT стана достапна за пошироката јавност. Во меѓувреме, многумина истражуваа што е ChatGPT, како се користи и дали сите луѓе можат да го користат овој тип на интелигенција. Овој систем е дизајниран од компанијата OpenAI и е постојано и слободно достапен за употреба на Интернет.

Ова е првиот септември кога училиштата и универзитетите ќе треба да се соочат со влијанието на големите јазични модели (VLM) како Chat GPT.

Дали се подготвени?
Еве шест клучни аспекти на VJM за кои просветните работници треба да бидат свесни:

1: ВЈМ „се пуштени на слобода“

Има ограничени податоци за ова за учениците, но се чини дека VJM се широко прифатени меѓу нив.

Дури и ако учениците не слушнале за ChatGPT или VJM, тоа сепак не значи дека не ги користат. Зборував со група ученици минатата година кои никогаш не слушнале за ChatGPT или VJM. Но, ми рекоа дека ако убаво го прашаш Snapchat, ќе ти ја заврши домашната задача. Како е тоа можно? Snapchat има интегрирано чет-бот со вештачка интелигенција напојуван од ChatGPT.

2: ВЈМ одлично владеат со јазикот

Тие знаат многу добро да пишуваат. Ретко прават грешки и се одлични во имитирањето на стилот или начинот на пишување на одредени писатели или жанрови. Минатата година беше спроведена студија која покажа дека тие можат совршено и прецизно да произведат пишување кое би го поминало тестирањето за осумгодишници и да ги измами повеќето наставници.

3: ВЈМ прават многу фактички грешки

Постои претпоставка дека VJM прават такви грешки што би ги добиле и доколку самите пребарувате на гуглање тема и наидете на вообичаени заблуди или лажни информации.

Но, тоа е само дел од проблемот со ВЈМ. Да, ќе ги повторат оние заблуди и дезинформации кои веќе постојат на Интернет. Но, дополнително ќе прават основни математички грешки и ќе измислуваат сосема нови „факти“ кои се целосно неточни. Ова е она за што наставниците често не се свесни. „Како што ми кажа еден директор, слушнав дека прават грешки, но не сфатив дека не се подобри од џебен калкулатор“, пишува No more marking.

4: Тие не се добри за независно учење, креирање ресурси или оценување

Количината на грешки и видовите на грешки во VJM ги ограничуваат нивните образовни примени. Не мислам дека можеме да ги користиме како независни лични инструктори, бидејќи потенцијалот за забуни и недоразбирања е огромен.

Што е со помагањето на наставниците во креирањето ресурси и планирањето лекции? Повторно мислам дека ВЈМ не може да функционира независно. Наставниците ќе треба да ги проверат и повторно да ги проверат нивните резултати. Во зависност од пристапот на поединечните наставници, VJM можеби ќе може да им заштеди малку време, но тие не се магично решение за проблемот на преоптовареност.

Нивната несигурност значи и дека тие не се добро опремени да ја оценуваат работата на студентите. За ова е направено опсежно истражување.

5: Добри се во вршењето проценки

Иако VJM прават многу фактички грешки, тие сепак се доста добри во вршењето проценки. Исклучително добро се снаоѓаат на тестовите кои ги оценуваат вештините за пишување, но прават добри пишани проценки и за други теми. Исто така можат да положат и стручни испити со прилично високи оценки. (Но имајте предвид, тоа не значи дека тие можат да се занимаваат со тие професии!)

Имајќи го предвид ова, ВЈМ претставува закана за традиционалниот модел на пишување состави и семинарски работи кои се прават надвор од училницата во услови без надзор. Сега е многу потешко да се утврди дали работата всушност ја завршил студентот или ВЈМ.
Има и такви кои тврдат дека ова не е голем проблем – зошто да не им дозволиме на студентите да го користат ВЈМ како помош? Бидејќи целта на оценката не е квалитетот на финалниот производ, туку заклучоците што можете да ги извлечете за размислувањето на ученикот врз основа на тој финален производ. Работата што ја заврши ВЈМ ги прави тие заклучоци невозможни.

6: Не постои сигурен начин да се открие дали учениците ги користат за мамење
Дали можете да користите вештачка интелигенција за да откриете измамници што користат вештачка интелигенција? Многу алатки тврдат дека тоа е можно, но повеќето нови податоци покажуваат дека тие не работат сигурно. Не само тоа, туку тие не успеваат да го препознаат пишувањето со вештачка интелигенција и погрешно го класифицираат вистинското човечко пишување како вештачко. Во пракса, ова води до лажни обвинувања за мамење, кои се крајно сериозни и крајно штетни за односите во училницата.
Значи, што треба да прават училиштата и универзитетите?

Значи, што треба да прават училиштата и универзитетите?
Да се ​​биде добар во јазикот и лош во точноста е токсична комбинација. Ова практично значи дека ВЈМ се навистина добри во работи кои се образовно и социјално штетни, како што е мамењето, но навистина лоши во работи кои се образовно и социјално корисни, како што се помош во наставата, точно оценување итн.

Ова е очигледно најлошото од двата света.

Обично, кога ќе се појави нова образовна технологија која не додава многу позитивна вредност, едноставно би рекле дека треба да се игнорира. Но, бидејќи VJM се толку добри во правењето лоши работи, не можеме да ги игнорираме. Училиштата и универзитетите ќе мора да реагираат на некој начин.

Повеќе