Сладолед од зеленчук

228

Ако вашите најмали не се љубители на зеленчук, тогаш направете им сладолед, ама од зеленчук. Ќе добијат многу витамини од зеленчукот, дури и без да знаат за тоа. 29/06/2021078

Овој рецепт го најдовме на страницата Thekitchn.

Потребни состојки:

½ шолја кокосово млеко
1 лажица густин + 1 лажица
1 ½ шолја сок од свеж зеленчук (моркови, цвекло)
Засладувач по желба (мед, јаворов сируп)

Приготвување:

Измешајте мала количина млеко со густинот и оставете ја на страна, остатокот истурете го во тенџере и потоа на шпорет да се загрее, кога ќе зоврие, додадете го скробот и остатокот од млекото и промешајте со жица да се згусне. Веднаш штом смесата ќе се згусне, тргнете го од оган и промешајте ги сокот и засладувачот.

Истурете ја добиената мешавина во сад отпорен на топлина, а потоа оставете да се олади на собна температура и префрлете го во замрзнувач.

Повеќе