Со поддршка од Витаминка создадена веб страница за невропедијатриските состојби кај децата
„Благодарение на Витаминка, заедно со нашиот тим создадовме страница посветена на спектарно одредени состојби во јавноста познати како спектар на аутизам. Преку оваа новина родителите, но и луѓето што професионално се занимаваат со оваа проблематика ќе може да дојдат до конкретен и кредибилен информативен одговор за да знаат дали детето треба да го донесат на клиника или да се советуваат со матичен педијатар или пак ние да дадеме мислење што понатаму“, истакна д-р Аспазија Софијанова, дел од уредувачкиот одбор.
Neuroped.mk е веб страница посветена на невропедијатриските состојби кај децата. Создадена е со цел на ефикасен и професионален начин да понуди информации, кратки упатства и совети поврзани со детскиот развој и најчестите невропедијатриски состојби и на тој начин да стане сигурен и веродостоен извор за родителите, старателите и здравствените работници.
„Благодарение на Витаминка и заедно со нашиот тим создадовме страница посветена на невропедијатријата, на спектарно одредени состојби во јавноста познати како спектар на аутизам. Преку оваа новина родителите, но, исто така и луѓето што професионално се занимаваат со оваа проблематика ќе може да добијат информација за секоја дилема и да дојдат до конкретен и кредибилен информативен одговор за да знаат дали детето треба да го донесат на клиника, или да се советуваат со матичен педијатар или пак ние, да дадеме мислење што понатаму и навремено со формирање на мултидисциплинарен тим, составен од невролог, психолог, психијатар, логопед и дефектолог, да се даде одговор дали кај детето вистински има или нема некој проблем каде е потребна рана интервенција“, истакна д-р Аспазија Софијанова, дел од уредувачкиот одбор.
Иницијативата за создавање на страницата потекна од прим. м-р.сци. д-р Габриела Тавчиоска специјалист педијатар, според која со создавањето на оваа веб-страница се вложува во здравјето, безбедноста и благосостојбата на доенчињата, децата и адолесцентите што значи вложување во иднината на заедницата кое повеќекратно се враќа.
Создавањето на страницата Neuroped.mk и целосната реализација е поддржана од Витаминка.
„Витаминка како општествено одговорна компанија е активна и помага во сите општествени сфери и сектори a создавањето на Неуропед страницата целосно го поддржавме и застанавме зад реализацијата заради сеопфатноста и повеќе функционалноста и посебно затоа што е во сферата на педијатријата, страница наменета за децата и нивниот развој. Се надеваме дека ќе се развива и ќе стане корисна информативна и едукативна алатка како за родителите така и за здравствените работници“, вели Симона Симоновска, директор за маркетинг во Витаминка. Содржините за интернет страницата се создадени од експерти во областа на невропедијатријата од Универзитетската клиника за детски болести, проф. д-р Филип Дума супспецијалист невропедијатар како одговорен уредник, а дел од уредувачкиот одбор покрај проф. д-р Аспазија Софијанова супспецијалист неонатолог-интензивист и прим. м-р. сци. д-р Габриела Тавчиоска, уште и специјалист педијатар проф. д-р Соња Бојаџиева супспецијалист гастроентерохепатолог, д-р сци. Валентина Дуковска, специјален едукатор и рехабилитатор, д-р Љеља Муаремоска Канзоска супспецијалист невропедијатар и научен соработник д-р Данило Нонкуловски специјалист педијатар.