Спонтаниот абортус не е ничија вина! Зошто спонтаните абортуси се најчести во првото тримесечје од бременоста?

Лекарите објаснуваат дека спонтани абортуси во првото тримесечје најчесто се случуваат поради одредена генетска абнормалност на фетусот, но има и други причини.

110

Најмногу спонтани абортуси се случуваат во првото тримесечје, односно пред 12-та недела од бременоста, додека во второто тримесечје (помеѓу 13-та и 19-та недела) спонтани абортуси се јавуваат во пет проценти од сите бремености. Лекарите објаснуваат дека спонтани абортуси во првото тримесечје најчесто се случуваат поради одредена генетска абнормалност на фетусот, но има и други причини.

Според Very Well Family, прекинувањето на бременоста во првото тримесечје генерално се дефинира како неодржлива интраутерина бременост. Овие типови на загуби, иако обесхрабрувачки, се доста чести во раната бременост.

„Како загуба на бременоста во првото тримесечје се дефинира губењето на бременоста до 12 недели и шест дена. Исто така, важно е да се напомене дека спонтаниот абортус не е ничија вина иако често слушам од моите пациентки дека се обвинуваат себеси”, објаснува гинекологот Хонгмеи Менг и додава дека дури 26 отсто од сите бремености завршуваат со спонтан абортус, додека до 10 отсто од клинички препознаените бремености завршуваат со спонтан абортус.

Во меѓувреме, експертите проценуваат дека 80 отсто од раните загуби на бременост се случуваат во првото тримесечје, при што ризикот од спонтан абортус значително се намалува по 12 недели од бременоста.

Симптоми на спонтан абортус во првото тримесечје

Има многу малку знаци или симптоми на губење на бременоста во првото тримесечје. Според гинекологот Максимилијан Клајн, вагиналното крварење, болката и грчевите во карлицата се најчестите знаци на претстојниот спонтан абортус.

„Понекогаш воопшто нема никакви симптоми, а спонтан абортус се открива сосема случајно на договорен термин кај гинекологот кој ја следи бременоста“, објаснува.

Иако крварењето е најчест знак за спонтан абортус, важно е да се запамети дека лесното крварење, па дури и малото крварење во раната бременост, може да биде вообичаено. Исто така, не мора да значи дека ќе абортирате, но дефинитивно е знак веднаш да го посетите вашиот лекар.

Зошто спонтани абортуси се случуваат во првото тримесечје?

Кога станува збор за разбирањето зошто се случуваат спонтани абортуси во првиот триместар, може да биде корисно да се знае кои фактори придонесуваат најмногу. Иако најчесто точната причина за спонтан абортус не е позната со сигурност, истражувачите успеале да идентификуваат некои можни причини.

Тоа се првенствено хромозомски абнормалности кои сочинуваат дури 70 проценти од спонтаните абортуси во првото тримесчје, инфекции, одредени медицински состојби како што се дијабетес, висок крвен притисок или автоимуна болест, проблеми со хормоните, вклучувајќи ниско ниво на прогестерон или проблеми со тироидната жлезда, медицински состојби како што се лупус или синдром на полицистични јајници (PCOS), проблеми на матката како што се ткиво со лузни, абнормална форма или фиброиди, повреда или траума и изложеност на токсични материи или хемикалии.

Повеќе