Говорот не се учи со ставање на детето пред телевизор. Кога го правиме тоа, детето ги впива зборовите и ги разбира, но нема да може да зборува. Значи, првите интеракции мора да бидат со живи суштества, а не со ТВ, вели д-р Ранко Рајовиќ.
Многу е помала веројатноста детето да каже некој збор кога ќе го побарате тоа од него. Наместо тоа, децата најдобро учат кога зборовите добиваат контекст и имаат смисла.