Татко ја претвора храната во ликови од цртани филмови

Наместо безлични и здодевни оброци, овој самохран татко секојдневно му служи на своето девојче чудовишта, животни и други ликови од нејзините омилени цртани филмови и, како што вели, тоа е полн погодок.

224

Многу деца не сакаат да јадат овошје и зеленчук, но овој самохран татко дошол на одлична идеја да го натера своето девојче да го изеде речиси секој здрав оброк кој ќе се најде на нејзиното мени.

Мајкл Викс е татко на петгодишното девојче Силвија, која, како и повеќето деца на таа возраст, никогаш не била љубител на здрава храна, а особено имала голема аверзија кон зеленчукот. Така, нејзиниот татко смислил совршен начин – ја претвора храната во нејзините омилени ликови од цртаните филмови.

Наместо безлични и здодевни оброци, овој татко секојдневно му служи на своето девојче чудовишта, животни и други ликови од нејзините омилени цртани филмови и, како што вели, тоа е полн погодок.

„Кога пред три години останав сам со неа, почнав да размислувам како да ја убедам дека целата храна е добра, особено што на почетокот таа бараше само пилешки прсти за вечера“, објаснува Мајкл, кој и самиот вели дека млад останал без мајка и дека тоа го променило.

Поради неа уште како дете се вљубил во готвењето, а таа љубов решил да ѝ ја пренесе на својата ќерка која денес му помага да дизајнира и подготвува забавни јадења.

Тој признава дека како самохран татко повеќе нема доволно слободно време за сопствените хобија, како вежбање во теретана или излегување со пријателите, поради што се труди да биде креативен дома, особено во кујната.

„Ќерка ми ми помага во приготвувањето, сечкањето и готвењето, па така и послатко го јаде приготвеното јадење – затоа што се гордее со тоа што го направила со своите раце“, објаснува тој и додава дека не му е тешко да прави интересни креации од храна бидејќи неговото девојче на тој начин секогаш јаде сѐ што има во чинијата.

„Кога тргна во градинка, стана многу пребирлива со храната и почна да одбива некои намирници кои не ги сакале ниту нејзините другарки, но сега низ игра јаде сѐ и патем учи за храната, што е одлична подготовка за нејзината иднина“, додава гордиот татко.

Повеќе