Татко спие со осумгодишната ќерка во кревет, мајката мисли дека е преголема за тоа

Родителите имаат различни ставови за тоа кој е вистинскиот избор за нивното дете. Една анонимна мајка се пожалила дека нејзиниот поранешен сопруг сè уште спие со нивната осумгодишна ќерка во ист кревет, а таа смета дека девојчето е преголемо за тоа. Што мислите вие?

386

Во објава на порталот KIdspot.co.au анонимна мајка објаснила дека е разведена од партнерот и дека детето редовно се гледа со него и останува во неговиот дом каде што иако има своја соба и свој кревет, спие со татко ѝ.

„Таа си има своја соба и кревет и јас ѝ велам дека треба да спие таму, а таа ми одговори дека татко ѝ ми порачал да си ја гледам својата работа. Чувствувам дека е преголема за тоа, што да направам“, напишала таа.

Одговорот, меѓу другите, го понуди блогерката Лаура Маца.

„Повеќето мајки имаат вродена желба да ги заштитат своите деца. Прекрасно е да се грижите толку за својата ќерка, но зошто се чувствувате толку вознемирено? Дали се сомневате дека бившиот партнер може да му наштети на девојчето спиејќи со него? Или ви пречи то што рутината на девојчето е поинаква кога спие со татко ѝ? Или мислите дека детето ќе стане зависно од споделување кревет со возрасен“, напишала таа и ја советувала мајкат да размисли за разговор со експерт ако ја мачи што било од горенаведеното.

„Ако ништо од ова не ви пречи, оставете. Многу родители го делат креветот со своите деца и вие не мора да правите голема работа околу тоа“, додала таа.

Објавата заинтригирала и многу родители кои решиле да го споделат своето мислење за ситуацијата.

„Ниту едно дете не е премногу старо за да го дели креветот со родителот ако тоа го прави среќно“, „Мене би ме загрижило тоа што таткото рекол дека си ја гледате работата. Тоа е првиот знак дека тој нешто крие“, „Оставете ги. Имајте свој однос со вашата ќерка, тој својот“, „Моето дете има 10 години и сè уште повремено спие во мојот кревет“, пишуваат тие.

Што мислите вие на оваа тема?

Повеќе