Тему ги повлекува дуксерите што светат во темница: Дете во болница поради изгореници

Онлајн платформата Тему ги повлекла од продажба дуксерите што светат во темнина откако девојче од Австралија било хоспитализирано поради изгореници.

226


Детските дуксери кои светат во темнина кои беа достапни на популарната платформа за онлајн шопинг се повлечени од продажба. Оваа одлука на компанијата Тему е донесена откако било откриено дека дуксерот, блиску до топлина или извор на пламен, може да се запали.

Тие се купувале во Австралија во периодот од октомври минатата година до март оваа година, а Product Safety Australia соопшти дека едно дете веќе е повредено. Овие дуксери се продаваат насекаде, не само во Австралија.
Тему ги советува клиентите да се ослободат од овие дуксери

Во известувањето за повлекувањето се наведува дека ваквите дуксери со качулка немаат задолжителна предупредувачка етикета и претставуваат сериозен ризик од изгореници за децата кога се изложени на топлина или извор на пламен, пишува „Дејли мејл“.

Тему ги советува клиентите веднаш да престанат да ги носат дуксерите и да ги држат подалеку од децата, поради што ги повика потрошувачите да ги уништат или правилно да ги фрлат дуксерите.

Компанијата вети враќање на средствата на клиентите: „Потрошувачите ќе добијат целосно враќање на парите од Тему во име на продавачот Sunshine Towels“.

Повеќе