Тепам други кога сакам!

Осумгодишно дете од Кина брутално претепало двегодишно девојче и ѝ ги украло слатките. Кога родителите го прашале зошто го направил тоа, тој одговорил: „Ги тепам другите кога сакам“.

370

Снимка од надзорна камера некаде во Кина го снимила моментот кога осумгодишно момче насилно напаѓа двегодишно девојче за да ѝ ги украде грицките што ги држи во рацете.

На 5 мај, момчето по име Жуанг влегло во домот на девочето кое во моментот било само во просторијата и си играло. Наводно побарал од неа да му ги даде грицките што ги јадела и ги држела во раце, а кога таа одбила, тој почнал да ја тепа. Ја удрил двапати и побегнал кога нејзиниот дедо почнал да вика.

Девојчето се здобило со повреда на главата и изгубило четири заби и се проценува дека ќе закрепнува два месеци.

Next Shark известува дека родителите на Жуанг првично негирале вмешаност на нивниот син во нападот додека не го виделе контроверзното видео објавено на мрежата Веибо. Кога се соочиле со нивниот син и го прашале зошто го направил тоа, тој одговорил: „Ги тепам другите кога сакам“.

Мајката на двегодишното дете рекла дека семејството никогаш немало проблем со семејството на Жуанг, кое признало дека не може да си дозволи да плати отштета и го молело семејството на нападнатото девојче да не го пријавува нападот во полиција. Сепак, родителите на девојчето го пријавиле нападот бидејќи родителите на Жуанг не сакале да се извинат, па случајот сега е под истрага.

Корисниците на Веибо ги критикуваа кинеските закони за малолетнички криминал, а некои сугерираат дека момчето можеби има асоцијално растројство на личноста.

Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко, а можете да го погледнете овде.

Повеќе