Терапевтка откри осум знаци кои укажуваат дека имате „синдром на најстара ќерка“

Семејната терапевтка Кети Мортон открила осум знаци кои укажуваат на „синдром на најстарата ќерка“ во неодамнешното вирално видео на Тик-Ток.

240

Интернетот беше разбрануван во текот на изминатите неколку месеци бидејќи најстарите ќерки колективно сфатија дека имаат многу заеднички работи. Така, семејната терапевтка Кети Мортон се надоврзала на темата и открила осум знаци кои укажуваат на „синдром на најстарата ќерка“ во неодамнешното вирално видео на Тик-Ток.

Според Мортон, осумте знаци кои укажуваат на „синдром на најстарата ќерка“ се следниве:

Имате интензивно чувство на одговорност.
Многу сте мотивирани.
Многу се грижите и веројатно е дека имате анксиозност.
Се борите со претерано задоволување на луѓето.
Тешко ви е да поставите и да одржувате граници.
Им замерувате на своите браќа и сестри и на семејството.
Се борите со чувството на вина.
Тешко ви е да одржувате односи во зрелоста.

Сепак, терапевтката предупредила дека „синдромот на најстарата ќерка“ не е официјална дијагноза за ментално здравје. Наместо тоа, Мортон заклучува дека е тоа „единствен притисок и одговорности што се ставаат врз најстарата ќерка во семејството“.

Повеќе