Три знаци дека вашиот партнер не е „оној вистинскиот“

Романтичните врски се слични на пријателствата по тоа што не мора секогаш да бидат исполнувачки, но не треба ни да не исцрпуваат.

112

Во врска, често сакаме да веруваме дека нашиот партнер е „оној вистинскиот“ или „онаа вистинската“. Но, понекогаш работите не се како што изгледаат. Затоа, брачната советничка Тина Феј, открива три знаци кои можат да укажат дека можеби не сме со вистинската личност.

  1. Не можете да ја замислите иднината со нив
    Повеќето парови би сакале да го поминат остатокот од животот заедно. Иако секој пар може да има различна цел – од брак до основање семејство или заедничко вселување, заедничката нишка е дека тие би сакале да живеат заедно со своите партнери во иднина.

„Доколку сега размислувате за вашиот партнер, дали би сакале да го поминете остатокот од животот со него? Ако вашиот одговор е негативен или ако имате многу дилеми, големи се шансите дека вашиот партнер/ка не ви одговара“, вели консултантката за Hack Spirit.

  1. Мора да криете одредени нивни однесувања од пријателите и семејството
    Феј објаснува дека ако нашиот партнер има лоши навики или негативни особини за кои не сакаме луѓето околу нас да знаат, може да се срамиме од партнерот или од фактот дека треба да се преправаме дека сѐ е во ред во врската.

„Обично, ако треба да го прикриете или да барате изговори за однесувањето на вашиот партнер, тоа е силен знак дека не го добивате она што го заслужувате. Може да се најдете во ситуација кога треба да им дадете поинаква слика за вашиот партнер на луѓето околу вас затоа што длабоко во себе имате идеја за тоа што го сакате од него или од неа, а што тие моментално не се“, објаснува таа.

Ако е така, веројатно е дека вашиот партнер не е вистинската личност за вас.

  1. Ве исцрпува наместо да ви дава енергија
    Романтичните врски се слични на пријателствата по тоа што не мора секогаш да бидат исполнувачки, но не треба ни да не исцрпуваат.

„Партнерите треба да уживаат во поминувањето време заедно. Меѓутоа, ако вашиот партнер или вие сакате да се оттргнете од нив и да избегнете комуникација, тоа може да биде знак дека тој партнер не ви одговара и дека врската не оди во добра насока“, заклучува Феј.

Повеќе