Терапевтка предупредува за грешките што ги прават родителите кога детето има излив на бес

„Сакате да знаете зошто вашето дете нема да ве слуша среде тие емотивни моменти? Затоа што физички не може. Кога мозокот е преплавен со одредена количина на хормони на стрес, делот за размислување и процесирање се исклучува“, вели Ели Харвуд, мајка на три деца и семејна терапевтка

1.249


Ели Харвуд е мајка на три деца и семејна терапевтка. На Инстаграм, таа сподели која е вообичаената грешка што ја прават повеќето родители кога нивните деца имаат излив на бес. Како што објаснува, децата во тие моменти додека имаат излив на бес едноставно не можат да не слушнат, бидејќи нивниот мозок е преплавен со хормони на стрес, па затоа не треба да се обидуваме да ги вразумиме додека бесот не им помине.

„Сакате да знаете зошто вашето дете нема да ве слуша среде тие емотивни моменти? Затоа што физички не може. Кога мозокот е преплавен со одредена количина на хормони на стрес, делот за размислување и процесирање се исклучува“, вели таа во видеото.
Затоа истакнува дека е клучно прво да се смирите себеси, а на детето да му дадете поддршка.

„Фокусирајте се на смирување на телото на детето. Сочувствувајте со неговите емоции, спуштете се на негово ниво и зборувајте со растреперен глас. Кога детето ќе се смири, одвојте неколку моменти да го погалите, а потоа разговарајте со него за она што сакате да го разбере или научи од моментот“, додава таа.
„Кога ги гледаме нашите деца во емоционална болка, сакаме да помогнеме. Добро е да ги научиме децата на овие работи, но тајмингот е клучен“, заклучи таа.

Повеќе