Нема да работам ако немам своја канцеларија! Генерацијата З открива зошто одбиваат работни места

Основачот и извршен директор на Employment Hero, Бен Томпсон, вели дека условите не треба да се мешаат со „правото“. „Постои желба за флексибилност, поставување на повеќе граници меѓу работата и животот и преместување на менталниот склоп од „живеам за да работам“ во „работам за да живеам“.

150

Младите ги споделија своите причини зошто не прифаќаат работа и тие се многу специфични. Mилениумците и генерацијата Z се познати по тоа што имаат поинаков пристап кон работата од претходните генерации.

Сакаат работа која им одговара и не се срамат самите да си поставуваат услови.

Една девојка откри дека нејзиниот избор пред да прифати нова работа, зависи само од тоа „дали се чувствува добра енергија“.

Таа објаснува дека нема да размислува за друго интервју доколку не ги запознае нејзините менаџери и тие не го поминат нејзиниот тест за вибрации.

Друга објаснува дека станува збор само за тоа да не се очекува од неа да помогне во одржувањето на редот во канцеларијата. „Ако немаат чистачки, ништо од мене“, навела таа како главна причина за одбивање на работа која инаку звучи привлечно, пишува NY Post.

„Нема да работам ако немам своја канцеларија“
Некој друг тврди дека едноставно не се подготвен да прифати работа каде работодавецот „охрабрува да се работи во слободно време“. Еден работник открил дека не сака да работи никаде кадешто има строги правила за облекување. „Летото е за маици без ракави“, опишал тој.

Една девојка открива дека не би прифатила работа која не нуди некои „поволности“. Таа објаснува дека би била среќна со попуст за членство во теретана или мала помош за приватно здравствено осигурување.

Друга припадничка на генерацијата З вели дека бидејќи таа веќе била на извршно ниво, нема да работи доколку не добие своја канцеларија. Не е изненадувачки што главното прашање за младите останува флексибилноста на работа од дома. „Не би можел да работам некаде ако треба да бидам во канцеларија пет дена во неделата“, велат некои.

Експерт: Работодавците мора да се прилагодат
Друг открил дека нема ни да се впушти во работа за која се потребни „одредени денови“ во канцеларија. Некој друг објаснил дека не само што сака да работи од дома, туку дека му бил проблем недостатокот на флексибилност со работа на далечина – можност за патување и за продолжување на работата според очекувањата.

Основачот и извршен директор на Employment Hero, Бен Томпсон, вели дека условите не треба да се мешаат со „правото“. „Постои желба за флексибилност, поставување на повеќе граници меѓу работата и животот и преместување на менталниот склоп од „живеам за да работам“ во „работам за да живеам“, рече тој.

„Младите луѓе можат да бидат поселективни за тоа каде и како сакаат да работат, да ги преиспитаат своите приоритети и да работат на начин кој најдобро одговара на нивните животи. Томпсон вели дека овие барања ги принудуваат работодавците да отворат работни места кои се привлечни за новата генерација работници.

Истражувачите и популарните медиуми ја користат средината до крајот на 1990-тите како почетни години на раѓање, а раните 2010-ти како завршувачки со годините на раѓање на генерацијата Z (Ген Z). Тие се првата вистинска генерација „дигитални староседелци“ кои живеат онлајн и ја користат технологијата за да го сменат светот.

Повеќе