УНИЦЕФ изработи апликација која ќе биде ваш партнер во родителството

Мобилната апликација изработена од УНИЦЕФ ќе ви помогне да му дадете одличен почеток на вашето дете – за цел живот, велат од УНИЦЕФ за својата Bebbo апликација!

65

На сите родители им е потребна поддршка, а на секое дете му е потребна нега, здрава исхрана, љубов, добро здравје и средина која ќе го стимулира неговиот развој и ќе овозможи учење низ игра. Сите родители се прашуваат како најдобро да ги поддржат своите деца за да пораснат здрави и паметни.

И тука влегува во игра Bebbo!

Новата апликација на УНИЦЕФ е креирана да биде постојана поддршка на родителите. Обезбедува информации засновани на докази, но и корисни интерактивни алатки кои помагаат да се негува и стимулира правилниот развој кај детето.

Повеќе за апликацијата

Bebbo има огромен опсег на корисни алатки кои им помагаат на родителите да носат правилни одлуки за грижата и развојот на детето. Целта е да ги охрабрат родителите секојдневно и со нови содржини, да ги забавуваат своите деца, но и да ги мотивираат да учат низ игра, здрави и среќни.

Што сè содржи апликацијата:

Препорачани дневни активности

Секој ден добивате препорачани игри и статии со совети напишани од експерти. Советите кои ви се допаѓаат можете да ги зачувате во омилени и да ги споделите со други родители или со пријателите.

Игри за деца и родители

Во Bebbo ќе најдете одлични идеи како да го анимирате вашето дете преку игри кои ќе го стимулираат неговиот правилен раст и развој. Има голем избор на игри кои го поддржуваат развојот на моторичките, социо-емоционалните, јазичните, комуникациските и когнитивните вештини.

Следење на детскиот развој

Едноставна за употреба, им овозможува на родителите да го следат своето дете и да го бележат напредокот во соодветната фаза од развојот. Дополнително, Bebbo овозможува поддршка за родителите да го стимулираат развојот на детето низ игра.

Вакцинација

Лесно можете да го следите календарот за вакцинација на детето и да поставувате  потсетници за следните вакцинални термини.

Здравствени прегледи

Делот за здравствени прегледи овозможува да ги бележите сите посети кај лекар на вашето дете, но и да си поставувате потсетници за следните термини.

Детски раст

Внесете ја висината и тежината на вашето дете и следете го неговиот напредок.

Преземете ја Bebbo апликацијата и дајте му одличен почеток на вашето дете за цел живот, велат од УНИЦЕФ.

Повеќе