Шприц со рум на смртната постела (ВИДЕО)

Ќерка го прошверцувала во болница омилениот пијалак на татко ѝ кој лежи на смртната постела. Би го направиле ли и вие истото за да му обезбедите последно уживање на својот родител?

156

Атмосферата околу смртните постели е главно мрачна и трагична. Додека некој се збогува со овој свет, саканите се обидуваат да се држат заедно и да му ги кажат или да ги слушнат неговите последни зборови, да го држат за рака или да направат нешто што ќе му овозможи да ја почувствува нивната љубов. Дали тоа може да вклучува и чашка од омилениот алкохолен пијалак за збогум?

Дека процесот на простување може да биде различен покажа и чинот на една Австралијка, чиј татко ги броел последните часови во болница.

Имено, Пенелопе Ана снимила видео и го споделила со заедницата на ТикТок. На видеото може да се види како му ја исполнува желбата на својот смртно болен татко и му ја дава последната голтка од неговиот омилен пијалак, посебен вид рум.
Во видеото таа ја отвора конзервата и со мал шприц собира неколку милилитри од румот. „Дојдов подготвена да се збогувам“, вели таа.

„Ќе му дадам да вкуси нешто посебно. Во позадина на видеото се слуша и гласот на нејзината мајка која му објаснува што ќе направи неговата ќерка, а и самата Ана вели: „Тато, ти донесовме рум“, ќе го ставиме во шприц и ќе ти го ставиме во уста.

Потоа истиснува мала количина рум во устата на татко ѝ и го прашува дали е добро. Татјото успева да кимне со главата, поради што двете жени се смеат. „По ѓаволите, да“, вели Ана и повторува: „По ѓаволите да“.

Покрај трогателната снимка, таа напишала: „Последна пијачка со тато пред неговиот дух да се врати во вселената. До повторната средба тато. Те сакам“.

@penface

One last drink with dad before his spirit returned to the universe. Until we cross paths again old man. I love you. #grief #griefjourney #loss #goodbye

♬ original sound – penface
Повеќе