Внимавајте кога го носите бебето дома ако имате миленици

Погледнете што мислат вашите миленици за бебињата кои се вселуваат во домот во кој тие веќе живеат

99

Кучињата и мачките се најчестите домашни миленици во нашите домови, но доколку имате бебе или чекате, сигурно се прашувате како вашите миленици ќе реагираат на нив.

Помеѓу осум и шеснаесет недели старост и мачките и кучињата учат за типовите на луѓе со кои може да се сретнат во нивните животи. Домашните миленици кои не запознале деца до својата шестмесечна возраст, во зависност од нивната генетика или карактер, може да покажат нетрпеливост кон децата, бидејќи не ги препознаваат како „луѓе“.
Бебињата и малите деца се многу помали од луѓето на кои се навикнати милениците, тие можат да испуштаат различни звуци и различно да мирисаат, па затоа е од витално значење како миленичињата го гледаат светот за да се обезбеди безбедност и за двајцата.

И мачките и кучињата многу се потпираат на своето сетило за мирис, па појавата на многу нови мириси во куќата е многу збунувачка за вашето домашно милениче. Често тие можат да уринираат на новите предмети со нови мириси, како што е количката за бебиња и слично.

Од друга страна, познатите мириси можат да ги направат среќни.

Познатиот мирис е чудо за кучето, особено кога новиот мирис се однесува на сопственикот, тогаш кучињата се многу поопуштени. Недавањето човечки карактеристики на нашите миленици – што значи очекување од нив да размислуваат и да се однесуваат како луѓе – е особено важно кога станува збор за безбедноста на децата.

Секој однос дете-милениче е уникатен, со карактеристики и силни страни, а истражувачите само што почнуваат да разбираат што ја прави врската дете-милениче заемно корисна. Во меѓувреме, самите деца ги рангираат миленичињата како едни од најважните суштества во нивните животи, доживувајќи ги како животни придружници, како утеха и емоционална поддршка.

Затоа е многу важно да се работи на запознавање на милениците со бебето уште од мали нозе, или ако бебето дојде подоцна во куќата, постепено запознајте го вашето дете со вашето домашно милениче додека не се воспостави врска меѓу нив.

Повеќе