За полесно породување: Шест урми дневно, добар сон и чај од малина

Без оглед на здравствената состојба на родилката и на поддршката од акушерот и бабицата, породувањето може да се оддолжи и да се претвори во исцрпувачко искуство. Дали тогаш може да се влијае на тоа колку породувањето ќе биде лесно или тешко?

38

Решивте да имате природно породување, но се плашите? Нема потреба, постојат неколку упатства и трикови кои можат да ви помогнат за да си обезбедите полесно породување.

Секако, можете да ангажирате таканаречена дула или да одите на часови и предавања за трудници.

Но, тоа не е единственото нешто што можете да го направите за да ги подобрите вашите шанси за полесно и пократко породување.

Можете да почнете да ги применувате во последното тримесечје од бременоста.

Порталот „Babl“ објавил три научно докажани совети како да се забрза породувањето и да се направи полесно и помалку болно искуство:

Урми

Студијата објавена во списанието за акушерство и гинекологија ((Journal of Obstetrics and Gynaecology) покажала дека жените кои јаделе урми за време на бременоста имаат многу полесно породување од оние кои не ги консумирале.

Тие нема да имаат потреба од лекови, а повеќето од нив се подобро отворени пред породувањето и се породуваат во просек за 7 часа пократко.

Се препорачува, во нормална бременост, да се консумираат 6 урми дневно.

Студијата покажала дека жените кои јаделе шест урми дневно во текот на последните четири недели од бременоста, имале пократко породување и помалку интервенции.

Повеќе сон

На трудниците честопати им е тешко да се наспијат, но изгледа дека би требало бидејќи токму тоа е втората причина за полесно породување. Па така, жените кои во текот на бременоста спиеле помалку од пет часа дневно се пораѓале подолго и 4,5 пати почесто нивното породување завршувало со царски рез.

За лесно и брзо породување неопходни се најмалку 8 часа сон секоја ноќ, особено во последниот месец од бременоста.

Сместете се удобно, користете меки перници доколку е потребно, смирувачка музика или релаксирачки мириси на лаванда.

Чај од листови од малини

Се знае колку чаевите можат да бидат благотворни за здравјето, па со нив може да се олесни и породувањето. Чајот од малина го забрзува текот на породувањето, го спречува предвременото породување или пречекорувањето на терминот, ја намалува потребата за царски рез, форцепси или за вакумско извлекување на бебето.

Причината е тоа што овој чај ги јакне ѕидовите на матката, ги намалува породилните болки, го поттикнува и создавањето на млеко.

Лекарите препорачуваат со неговото пиење да почнете дури во второто тромесечје од бременоста.

Еве уште неколку работи кои можат да ви помогнат за полесно породување:

Вежби и зајакнување на нозете

Вежбите се важни за секоја трудница и за полесно породување, поточно важно е трудницата да е физички поподготвена.

Жените кои вежбале и пред и за време на бременоста обично имаат пократко породување. Вежбањето ја зголемува издржливоста и го олеснува поднесувањето на породувањето.

Пешачете, пливајте или посетувајте часови/вежби за трудници (се разбира доколку вашиот лекар одобри).

Зајакнувањето на нозете е исто така важно во вежбите. Треба да стоите, бидејќи така ќе го забрзате доаѓањето на бебето кога ќе почнат вистинските контракции.

Затоа ви требаат посилни нозе. Најважна вежба за тоа се лесни чучњеви, но со малку раширени нозе. Можете исто така да ја ставите топката на долниот дел на грбот и да застанете на ѕидот потпрени на топката. Спуштајте се полека со движење на топката, а потоа подигнете ја и исправете се.

Повторете неколку пати.

Часови

Специјалните часови за трудници на кои ве запознаваат со породувањето, но и со тоа што ве чека кога ќе дојде бебето, се пресудни за некои жени.

Многумина тврдат дека тие им го олесниле породувањето.

На овие часови често се организираат лесни вежби за трудници.

Правилно дишење

Ако имате пренатални контракции, тогаш подобро е да пешачите ако можете, бидејќи гравитацијата ќе работи во ваша корист. Можете да стоите, да клекнете, па дури и да правите чучњеви (лесни, се разбира, и под надзор на експерт).

Една од многу важните работи е правилното дишење. Може да ви помогне да се фокусирате, да размислувате помалку за болката и да внесувате повеќе кислород.

И не плашете се, секое породување поминува и секако вреди да се потрудите – вие го носите вашето бебе на свет.

Повеќе