За теоријата од 9 минути: Тиктокерка ги споделува деветте минути кои се најважни во денот на детето
Тиктокерката Сара Мартинез вели дека има три клучни моменти во денот кога родителот треба да биде со своите деца: три минути откако ќе се разбудат, три минути откако ќе се вратат дома од училиште или дневен престој и три минути пред да си легнат.
Денес, кога и двајцата родители обично се вработени за да го издржуваат своето семејство, ретко кој од нив има можност да го помине целиот ден со своите деца. Затоа, како родители, мораме да дадеме сѐ од себе за да бидеме покрај нив кога им требаме најмногу.
Тиктокерката Сара Мартинез вели дека има три клучни моменти во денот кога родителот треба да биде со своите деца: три минути откако ќе се разбудат, три минути откако ќе се вратат дома од училиште или дневен престој и три минути пред да си легнат.
Неврологот Јаак Панксеп е заслужен за таа теорија од девет минути.
„Тоа е заедничка нишка меѓу родителите, од оние кои остануваат дома и решаваат неброени задачи до вработени родители кои се соочуваат со свои единствени предизвици“, рекла Мартинез за Newsweek.
Терапевтката Џоана Сајдел вели дека деветминутната практика е веројатно поврзана со теоријата на приврзаност. „Сите моменти што мајката ги спомнува во видеото се значајни – тоа се времиња на рутина и преоди – значи, моменти во кои присуството на родителот е клучно“, изјавила Сајдел за Parents.
Таа додава дека присуството на децата во овие три клучни моменти помага да се поттикне безбедноста, доследноста и значајното присуство. „Сето ова формира безбедна, емоционална и физичка основа за развојот на вашите деца“, истакнала таа.
Деветминутната теорија предизвика позитивни реакции кај многу мајки кои го погледнаа видеото.