Загрепчанка решила да ја подари својата свадба: „Не сакам пари, само сакам некого да усреќам“

Сакајте се секој ден како да нема утре, порачала несреќната девојка на крајот од својата великодушна објава на Фејсбук групата Фабрика за венчавки („Tvornica Vjenčanja“)

257

За многумина свадбата е еден од најубавите денови во животот, а се што сакаат младенците е покрај себе да го имаат партнерот и најблиските луѓе. Но, понекогаш работите тргнуваат наопаку во животот и се случуваат некои неочекувани и страшни работи.

Така, една невеста во Фејсбук групата Tvornica Vjenčanja споделила тажна објава во која напишала дека подарува сѐ што им е потребно на младенците за свадба, од сала, музика и балони, до храна и украси.
Имено, вереникот на девојката починал, а сѐ што таа сака сега е да усреќи еден пар и тоа бесплатно.

„Драги идни невести, поради мојата нова ситуација, откако ми почина вереникот, подарувам сѐ што е поврзано со самиот чин на венчавката, единствено немам покани, а и благодарниците се персонализирани така што не можам да ги подарам. Ја подарувам салата Heart by Lido во Загреб“, напишала таа во објавата на Фејсбук.
Додала дека парите наменети за неа и за нејзиниот покоен вереник биле собирани долго време, а бидејќи имале навика заедно да им помагаат на оние на кои им треба помош, решила да го подари сето ова некому.

„Знам дека овој чин некој да ми надомести финансиски за свадбената веселба нема да ми го врати саканиот, па сакам да ја поклонам. Би сакала младенците да бидат Петра и Доријан, како нас, но ако не се најдат, може да бидете кој било друг“, вели таа, а на крајот од објавата заклучува: „Сакувајте се секој ден како да нема утре“.

Еве што одлучила невестата да подари:

Бендот Далматино
венчаница
Слаткарница Винцек (свадбената торта)
светло сини балони како и панделки
обрач со балони
„Добредојдовте младенци“; сино-златна боја, датум 10.08.2024 година (иако на платното е и датумот на нашата средба и веридба, тие може да се отстранат бидејќи се на закопчување)
чаши на кои пишува Доријан и Петра, кумовите и родителите..
ревери
платно со дрвени срциња на кое секој гостин може да се запише или да напише некоја желба
фото катче во салата
аниматор за деца од 20 часот до утрото
се пристигнува во салата околу 19:30 часот, а на влезот се наздравува со домашни ликери (доволно силни да издржите цела ноќ)
ладно мезе, супа, главно јадење, сè – всушност целиот след
огномет на полноќ.

Повеќе