Жена испила чај од малина, поттикнала напони и се породила за 20 минути

„Кога пиеш чај од листови од малина, се шириш 10 сантиметри, добиваш напони, немаш време да го соблечеш фустанот и се пораѓаш за 20 минути“, напишала таа.

638

Видеото на ТикТок од жена како пие чај од листови од малина за да предизвика породување стана вирално со преку 15 милиони прегледи. На видеото можете да видите како тренерката Либи Осаје на сите четири ја носат на породување.

„Кога пиеш чај од листови од малина, се шириш 10 сантиметри, добиваш напони, немаш време да го соблечеш фустанот и се пораѓаш за 20 минути“, напишала таа.

Осаје дала изјава за порталот Newsweek и појаснила дека се приближува до 41-та недела од бременоста и не сака да има индуцирано породување.

„Првпат испив чај во 18 часот во 40-та недела. Се породив следниот ден во 6 часот наутро“, рекла таа.

Породувањето во просек трае помеѓу 8 и 12 часа, а целосната бременост трае околу 40 недели. Состојките на чајот за кои Осаје тврди дека предизвикуваат породување се хибискус, јаболко, листови од малина и калинка.

„Се сомневав дека ќе успее, но слушнав од други жени дека предизвикува породување, па решив да се обидам“, додала таа.

Експертите повикуваат на претпазливост
Добротворната организација Tommy’s, која финансира истражување за антенатална и постнатална грижа, вели дека постојат многу теории за тоа како овие терапии можат природно да предизвикаат породување и раѓање, но нема докази дека некоја од нив функционира.

„Секогаш ги советуваме жените да се консултираат со лекар пред да се обидат да предизвикаат породување. Ова е особено важно ако имате ниска плацента, ако постои загриженост за бебето или која било друга медицинска состојба, како што е висок крвен притисок“, велат тие.

Чајот од листовите од малина долго време се смета за традиционален хербален лек кој се препорачува во последното тримесечје како подготовка за породување.

„Бидејќи содржи витамини, танини и минерали, се смета дека помага во тонирање на мазните мускули на матката за да се направи породувањето поефикасно. Но, не е наменет да предизвика породување. Освен тоа, може да биде опасно бидејќи може да предизвика претерано силни контракции, а тоа може да го вознемири вашето бебе“, објаснува организацијата.

Британските лекари ги предупредуваат бремените жени да бидат внимателни со другите „природни“ лекови кои предизвикуваат трудови, вклучително и маслото од јаглика, рицинусовото масло и маслото од жалфија.

Повеќе