Зошто ги храниме бебињата легнати, а не пиеме вода лежејќи?

Д-р Сермед Мезхер, општ лекар од Велика Британија со најмногу следбеници на социјалните мрежи, објаснил што е контролирано хранење со шише и зошто за бебето е важно побавното темпо на хранење.

110

Д-р Сермед Мезхер на својот Инстаграм сподели многу важни совети во врска со бебињата кои се хранат со шише и грешката која родителите често ја прават.

Повод за ова било прашањето на една мајка: зошто ги храниме бебињата легнати, а не пиеме вода додека лежиме? Тој целосно се согласува со ова прашање, затоа покажал како детето треба да се храни со шише и објаснил што е тоа таканаречено контролирано хранење со шише.

Стандардните шишиња не го контролираат протокот на млеко на ист начин како доењето, така што млекото може брзо да го наполни стомакот на новороденчето, кој првично е со големина на јагода, вели д-р Мезхер на почетокот на видеото, а потоа им препорачува на родителите да го држат бебето речиси во седечка положба, додека го држат шишето хоризонтално и внимаваат да не влегува воздух во цуцлата.

Мезхер објаснува дека хранењето на бебето на овој начин го имитира доењето и ги намалува проблемите како што се голтањето воздух за време на хранењето, рефлуксот и подригнувањето.

„Со контролирање на протокот на млеко, овој метод им овозможува на бебињата да пијат побавно и да прават природни паузи, слично на доењето. Држете го шишето хоризонтално дозволувајќи му на бебето активно да цица, наместо да му дозволите на млекото слободно да тече, помага да се спречи голтање вишок воздух, што може да предизвика непријатност и грчеви“.

Докторот исто така истакнува дека контролираното хранење или побавното темпо на хранење му дава на желудникот време да го свари млекото, што го намалува ризикот од прејадување, подригнување и рефлукс.

Повеќе