Зошто милениумците и генерацијата З се поанксиозни од која било претходна генерација

Студијата за менталното здравје објавена од Harvard Business Review открива мрачна слика за анксиозноста кај младите.

39

Според истражувањето, половина од милениумците рекле дека ја напуштиле работата барем делумно поради проблеми со менталното здравје.

Додека за членовите на генерацијата Z процентот се искачува на 75%, во споредба со другите генерации каде овој процент е околу 20%.

Резултатите од студијата, објавени од организацијата за грижа за ментално здравје Mind Share Partners, покажуваат колку сериозен е проблемот со анксиозноста и депресијата кај денешната младина.

Според Универзитетот во Алберта, 35% од студентите ќе доживеат напад на паника поради стрес во одреден момент, додека советниците за ментално здравје во кампусот велат дека побарувачката за помош во врска со анксиозноста и депресијата вртоглаво се зголемила.

Во канадското национално истражување за здравјето на факултетите од 2016 година, 65% од студентите изјавиле дека доживеале „прекумерна анксиозност“ во претходната година, а 13% размислувале за самоубиство.

Објаснувања

Едно популарно објаснување е тезата за „снегулката“, која претпоставува дека денешните млади луѓе се презаштитени од нивните родители и немале доволно независност за да поттикнат ментална отпорност.

„Она што го гледам кај децата на моите пријатели е дека нивните родители отсекогаш биле тука за да им помогнат да ги надминат проблемите.

Кога сами се соочуваат со проблеми, немаат основни вештини на кои треба да се потпрат и почнуваат да паничат“, вели Сара Флауер, менаџер за промоција на здравјето на Универзитетот во Алберта.

Сепак, социологот од Универзитетот во Алберта, Лиза Строхшајн, вели дека овој став не ја одразува реалноста на младите луѓе, кои навистина се соочуваат со потешки предизвици во споредба со претходните генерации, особено кога станува збор за можностите за вработување.
„Милениумците поминаа низ големата рецесија од 2008 година, мораа да прифаќаат работни места кои не водеа никаде, а тоа главно продолжува денес… Ако сте на работа каде што не гледате никакви изгледи, тоа создава стрес“.
„Доцните милениумци и генерацијата Z ја одложуваат транзицијата кон зрелоста бидејќи немаат многу работи што претходните генерации ги сметале за нормални.

Не поседуваат станови, не се во врски, не се мажат, живеат со родителите.

Има многу работи што ги фрустрираат и ги попречуваат нивните напори за напредок“.

Тоа се генерации кои се меѓу најобразованите досега, но нивниот пат до успехот е прилично неизвесен.

Природата на самата работа, исто така, стана понапорна и поконкурентна, оставајќи ги младите со многу малку слободно време, вели Шина Абар-Ијаму, координатор за социјална работа со заедницата на службата за студентски услуги на Универзитетот во Алберта.

„Денес мора да работите многу, а не секогаш добивате време за одмор и регенерација“, вели таа, додавајќи дека милениумците честопати се безволни и дека притисокот од работата го загрозува нивното ментално здравје.

Во исто време, милениумците и генерацијата З се многу посвесни и способни да ги препознаат и прифатат проблемите со менталното здравје отколку нивните родители.

„Оваа генерација е многу повеќе во склад со нивните потреби и отворена за јавно споделување.

Ним нема да им биде проблем да кажат: „Вознемирен сум“ или „Имам проблем со депресијата“.
Социјалните медиуми се уште еден клучен фактор во анксиозноста што особено влијае на Gen Z.

Во написот „Дали паметните телефони уништија една генерација?“, Жан Твенге, професор по психологија на Државниот универзитет во Сан Диего, тврди дека паметните телефони радикално ја промениле природата на социјалните интеракции и имаат влијание врз менталното здравје.

Таа наведува дека тинејџерите од Gen Z имаат повеќе слободно време од тинејџерите на Gen X, а не помалку: „Што прават тие со сето тоа време?

Го трошат на телефоните, во своите соби, сами и често вознемирени“.

Повеќе