Зошто не е добро да се почне со вежбање веднаш по породувањето?

Социјалните мрежи се полни со славни мајки кои со вежбање набргу по породувањето си ја вратиле старата фигура. Но експертите предупредуваат новопечените мајки да не брзаат со вежбите во првите шест месеци по пораѓањето за да се заштитат од инконтиненција и други проблеми.

79

Стручњаците велат дека жените очајнички сакаат да ја вратат фигурата што ја имале пред породувањето и затоа прерано почнуваат напорно да вежбаат и да така да ги оптоваруваат мускулите на абдоменот, карлицата и трупот.

„Многумина не сфаќаат какви последици можат да сносат ако не дозволат телото после породувањето прво да се опорави“, изјавила Ема Броквел, физијатар за женско здравје која специјализирала во областа на постнаталните вежби.

„Не поминува ниту една недела да не работам со барем една жена која се повредила заради вежбање со голем интензитет и пребрзо по бременоста и породувањето“, открила Броквел.

„Со трчањето ги преоптоварувате органите на карлицата, а тоа може да доведе до пролапс на вагината, мочниот меур или цревата, односно, до спуштање на органите, што ќе предизвика проблем со месеци, ако не и со години“, вели таа и предупредува дека ниедна жена не би смеела да вежба додека телото целосно не се опорави.

„Некои жени имаат потреба брзо да ослабнат затоа што виделе во списанијата дека тоа им успеало на познатите“, додава Броквел.

Клучниот проблем е во тоа што некои жени се чувствуваат добро и мислат дека тоа нема да им наштети на подрачјето од карлицата, односно, на мускулите кои ги штитат органите“, предупредила таа. Секоја новопечена мајка мора да посети гинеколог шест недели после породувањето заради контрола, а претходно не би смеела да го изложува телото на никаков напор.

Повеќе