Овие работи ви се дома, а немате поим дека можеби го трујат вашето дете

227

Британската национална здравствена служба (NHS) вели дека повеќето случаи на труење се случуваат дома и дека децата на возраст под пет години се изложени на најголем ризик од случајно труење.

29/10/20210449

Раѓањето на детето е возбудливо време, но потребна е многу подготовка за да се заштити секој агол од домот и да се направи безбеден за вашето дете. Домот може да биде опасно место за детето, па затоа е важно да се отстрани сè што може да му наштети или да го повреди.

Британската национална здравствена служба (NHS) вели дека повеќето случаи на труење се случуваат дома и дека децата на возраст под пет години се изложени на најголем ризик од случајно труење. Отровите може да се проголтаат, да се вбризгаат, да се апсорбираат преку кожата, да се вдишат или да се испрскаат во очите.

За да го намалите ризикот од труење на вашето дете, постојат голем број работи што можете да ги направите за да го заштитите.

  1. Средства за чистење

Иако е важно да го одржувате вашиот дом чист, производите за чистење како белилото може да содржат токсини кои можат да бидат штетни. Важно е таквите производи да се чуваат подалеку од дофат на деца.

Наместо да користите силни хемикалии кои се наоѓаат во средствата за чистење na домаќинствoто, можете да се одлучите за сок од лимон, кој делува антибактериски, е антисептичен и мириса свежо.

  1. Козметика

Производите како лак за нокти може да бидат иритирачки за желудникот или цревата.

  1. Билки

Одредени билки и печурки може да бидат опасни.

  1. Недоволно (слабо) зготвена или мувлосана храна

Лошо подготвената или зготвена храна, како и храната која е мувлосана или загадена со бактерии, може да биде токсична.

Важно е да ја чувате оваа храна подалеку од дофат на вашето дете.

  1. Лекови

Предозирањето со лекови е опасно и за возрасните, а особено за децата. Лековите секогаш чувајте ги на темно место, подалеку од дофат на деца.

  1. Алкохол

Важно е да ги чувате сите алкохолни пијалаци подалеку од деца, особено оние со светли бои, кои може да се помешаат со сокови.

Алкохолот може да биде особено опасен за децата, па дури и ако возрасните консумираат прекумерно количество алкохол во текот на краток временски период, тие можат да бидат отруени.

  1. Пластични шишиња

Д-р Наташа Бек вели дека е важно да имате стаклени, а не пластични шишиња за чување на детската формула или мајчиното млеко.

„Пластичните шишиња можат да содржат токсични хемикалии како БПА и потоа да ги испуштат во млекото, особено ако се стават во микробранова печка или машина за миење садови“, вели д-р. Бек за Инсајдер.

  1. Стрес

Др. Бек истакнува дека понекогаш најлошите хемикалии се оние што не можеме да ги видиме.

„Социјалните токсини можат да бидат полоши од хемиските. Ослободете се од стресот“, советува таа.

  1. Вода

Во последниве години, многумина почнаа да користат филтри за вода за да се ослободат од сите потенцијално штетни материи од водата. Водоводните цевки може да содржат жива, хлор и азбест.

„Дома треба да земете и филтер за отстранување на токсините од водата“, советува др. Бек. Не сите филтри за вода го отстрануваат олово и PFAS (полифлуороалкилни супстанции), затоа не заборавајте да изберете квалитетна и добра опција.

Фото: Pexels

Повеќе