Алармантни знаци дека вашето заборавање е сериозен проблем

Заборавноста не е безопасна. Обрнете внимание на овие сигнали и доколку ги забележите кај вас или кај некој близок, треба да ги сфатите многу сериозно

1.112

Стареењето оди рака под рака со заборавот. Не можете да се сетите каде ги оставивте очилата?

Па, иако може да биде фрустрирачки, не е веднаш загрижувачки.

„Одреден степен на губење на меморијата може да се смета за нормален, особено со возраста“,

вели Кармен Карион, невропсихолог и доцент по неврологија на Медицинскиот факултет Јејл (Yale).

Губењето на меморијата не е „резервирано“ само за постарите лица

„Како што стареат луѓето, тие може да доживеат благ заборав, но овие промени во меморијата

поврзани со возраста обично не се причина за загриженост“, додава Карион.

Со други зборови, не треба да паничите ако забележите дека вашата меморија не е толку остра како порано – тоа е само дел од стареењето.

И тоа, за жал, не е исклучиво резервирано за луѓе кои општеството ги смета за „стари“.

„Еве еден многу депресивен факт: почнуваме да губиме неврони во нашите 30-ти“, посочува д-р

Мајкл Розенблум, невролог во UW Medicine Memory and Brain Wellness Center во Вашингтон,

додавајќи:

„Со текот на времето, стануваме помалку ефикасни во учењето и сеќавањето, а мене тоа ми изгледа

речиси како животен циклус – кога сте млад и студент, треба да научите повеќе информации и тие

системи мора да функционираат на сите цилиндри, но кога стареете, тие се помалку

функционални“.

Меѓутоа, одредени облици на губење на меморијата се абнормални и може да укажуваат на

поголеми проблеми. Невролозите за HuffPost.com кажаа кои се знаците на кои треба да обрнете

внимание и што да направите ако сте загрижени:

Неможност да научите нови работи

Како што минува времето, работите како мобилни телефони, компјутери, па дури и автомобили

бараат дополнително образование.

Размислете за тоа: Во споредба со пред 30 години, автомобилите имаат резервни камери, GPS

можности, а некои се дури и целосно електрични. Ако откриете дека ви е тешко да научите нешто

ново, тоа може да биде причина за загриженост, велат експертите.

Нормално е да ви треба малку време за да се навикнете на нов телефон или лаптоп, но ако е тоа

сосема невозможна задача, размислете да разговарате со вашиот лекар.

Проблеми со правење и разбирање работи кои порано ви биле лесни

Може да биде загрижувачки знак ако секојдневните задачи што ви биле лесни сега се предизвик.

На пример, за луѓето кои готват, проблематично е ако заборават рецепти кои порано лесно ги

правеле со години. Или, на пример, финансии.

Загрижувачки е ако заборавите да ги платите сметките, или ги платите двапати, не разбирате како

функционираат финансиите или заборавате колку кусур треба да добиете кога плаќате за предмети

во продавниците.

Заборавливиста можеби не изгледа баш вака, но многу други работи – како лична хигиена,

состаноци и обврски – се исто така дел од секојдневните активности.

Редовните отсуства и загорената храна поради заборавање исто така може да бидат

проблематични.

Брзо заборавање (неодамнешен) разговор

Од вас не може да се очекува да се сеќавате на секој разговор што некогаш сте го имале и не треба

да се грижите ако одвреме-навреме заборавите на нив.

Која е причината за загриженост?

Веднаш ги заборавате разговорите. Нормално, кога некој прави муабет, очекувано е барем да се

сети на тој разговор…

Но, да речеме, ако помине еден час и човекот заборави на разговорот, тоа е дефинитивно загрижувачко.

Се губите на познати места

Сосема е нормално да се губите од време на време, како кога истражувате место на кое не сте биле

со децении или кога посетувате ново место.

Но, губењето на познати места е знак за абнормално губење на меморијата.

На пример, ако се изгубите додека возите до продавница или додека одите дома од состанок.

Ако тоа ви се случи вам или на некој близок, треба да побарате стручна помош.

Често повторување на приказните
На сите ни се случува да заборавиме дека нешто веќе сме раскажале. Но, повторувањето од време

на време, прераскажувањето приказни или факти на луѓе кои веќе ги слушнале – премногу често, не
е нормално.

Поточно, ако повторувате прашања или приказни во ист ден или понекогаш во рок од

неколку минути, ова може да биде знак за абнормално губење на меморијата.

Вашите најблиски ви укажуваат дека нешто не е во ред

Ако некој близок ви каже дека е загрижен за вашата меморија, обидете се да не се браните.

Наместо тоа, сфатете ги сериозно нивните грижи. Она што другите го забележуваат за вашата

меморија всушност може да биде повредно од она што вие го забележувате.

Видот на субјективно искуство на вашата меморија не е многу сигурен показател за тоа што

навистина се случува, тоа е многу повеќе поврзано со работи како што е вашата општа склоност да

се грижите. Со други зборови, поголема е веројатноста некој близок да може точно да ги забележи

проблемите како повторување приказна или извршување на секојдневните задачи.

Дополнително, ако забележите губење на меморијата кај некој близок, не плашете се да зборувате.

Вашата поддршка и грижа се важни.

Повеќе