Водич низ сите фази на детскиот страв од одвојување

Кога бебе или мало дете се плаши да не биде одвоено од своите родители и покажува страв, тоа се нарекува сепарациска анксиозност. Прочитајте како изгледа тој страв и што можете да направите за да му олесните на вашето дете да ја помине оваа развојна фаза

447

Секој родител кој треба да се одвои од малото дете и да ја затвори вратата зад себе знае колку е

тоа болно за детето, но знае и дека детето мора да ја помине таа фаза и дека со текот на времето

тоа сѐ ќе биде подобро.

Што е страв од разделба или сепарациска анксиозност?

Кога бебе или мало дете се плаши да не биде одвоено од своите родители и покажува страв, тоа се

нарекува сепарациска анксиозност.

Ова е нормален дел од развојот на детето и често почнува да се појавува како што се зголемува

мобилноста и независноста на бебето.

Експертите велат дека нема секое дете да го почувствува овој страв, а некои ќе го почувствуваат

дури подоцна, помеѓу 18 и 24 месеци.

Стравот од разделба најчесто се појавува помеѓу 14 и 18 месеци, но првите знаци се појавуваат

многу порано кога бебето почнува да сфаќа дека мама и тато си заминуваат и не е сигурно дека ќе

се вратат.

Ваков страв може да се појави и кај децата од предучилишна возраст, а во некои случаи и подоцна.

Бебиња од 4 до 9 месеци

Помеѓу четвртиот и деветтиот месец, бебето развива силна врска со родителите.

Тогаш тоа почнува да разбира дека работите и луѓето постојат и кога тоа не ги гледа, концепт кој се

нарекува „трајност на објектот“.

Тоа значи и дека ги сакаат што е можно поскоро во своја близина и ги покажуваат своите чувства.

Оваа фаза се појавува ненадејно и без предупредување, а на вашето малечко во моментите на

разделба тоа му изгледа како крај на светот.

Од 10 до 24 месеци

На оваа возраст, децата се поподвижни и независни, но тогаш можат да се чувствуваат поизложени

и несигурни во светот.

Можат многу да се вознемират кога ќе излезете од собата или кога ќе ги легнете навечер.

Тие исто така знаат кои се нивните посебни луѓе или родители и можат да станат многу внимателни

кога ќе видат помалку познати луѓе околу нив или кога некој ги чува.

Од 2 до 4 години

Постарите деца имаат многу поголемо влијание врз доаѓањето и заминувањето на нивните

родители и нивниот животен ритам.

Обично тие веќе имаат развиено чувство на сигурност, но можно е сè уште да имаат проблеми со

промената на местата и запознавањето различни луѓе и да им треба „поддршка“ за да се поздрават.

Деца постари од 4 години

Постарите деца сè уште може да се чувствуваат лошо кога се одвоени од нивните родители.

Ова обично поминува со текот на времето, но може да предизвика голем стрес во семејството,

затоа обидете се да разговарате со детето и со педијатарот за стратегии како да му ја олесните

разделбата на детето.

Сепарациската анксиозност може да се развие во нарушување кај постарите деца, па ако мислите

дека тоа станува проблем, не двоумете се да побарате помош.

Истражувањата покажаа дека четири проценти од децата на предучилишна и училишна возраст

страдаат од ова нарушување.

Прочитајте ја листата и ако нешто од ова е точно, разговарајте со вашиот лекар.

Вознемиреноста на вашето дете влијае на целиот семеен живот

Неговиот страв не изгледа како да е дел од развојна фаза на негова возраст
Сепарациската анксиозност трае повеќе од четири недели

Како изгледа стравот од разделба?

Не е важно дали сте отишле во друга соба или на улица, вашето бебе претпоставува дека сте

отишле засекогаш.

Бебињата сметаат дека нивните родители се нивно продолжение па кога се разделени, освен што

чувствуваат дека дел од нив си заминува, мислат дека родителите никогаш нема да се вратат.

Бебињата и малите деца кои доживуваат сепарациска анксиозност може да се вознемират, да

се расплачат, да се качуваат по вас, да ги игнорираат другите возрасни или да имаат напад на бес.

Може да се вознемират и кога ќе сретнат непозната личност. Ова станува многу вознемирувачка

комбинација и за родителите и за детето.

Како да се олесни оваа фаза на развој кај детето?

Бидете јасни – објаснете му на детето што точно се случува во согласност со нивната возраст

Подгответе го детето – одвојте доволно време пред да заминете за да му објасните на детето што може да прави додека ве нема

Згрижете го детето – поминете малку време заедно пред да заминете за да направите детето да

се чувствува пријатно додека ве нема

Омилени играчки – погрижете се да има играчки со него кои ќе му дадат утеха

Вашиот поздрав нека биде сладок и краток – не го одложувајте заминувањето, откако ќе се

збогувате, заминете брзо

Бидете сигурни и позитивни – ова ќе му помогне на детето да се чувствува самоуверено

Направете мали дискрации – можете да му предложите на детето само да ја затвори вратата зад вас

Разговарајте со детето кога ќе се вратите – дајте му до знаење дека се вративте и разговарајте со него

Развијте доверба и рутина – со текот на времето детето многу полесно ќе ги поднесува вашите заминувања затоа што ќе знае дека се враќате

Читајте приказни во кои некој заминува и се збогува – најдете приказни соодветни за возраста на

детето во кои ликовите се збогуваат и заминуваат, но и се враќаат, па детето полесно ќе разбере

дека повторните средби се и пријатни

Користете фрази кои ќе го охрабрат детето – најдете израз кој на детето му се допаѓа и користете го во такви ситуации

Повеќе