Во просек, мажите кажуваат по 6, а жените по 3 лаги дневно! Лицата што најмногу ги лажеме се – нашите мајки
Повеќето дами дури и во состојба на хипноза не би откриле што купиле и колку точно пари потрошиле за облека, а најчеста лага што ја кажуваат е: „Не, не е нов фустан, го имам со години“.
Таканаречените бели лаги, според мислењето на експертите, придонесуваат за хармонија во бракот или во врската. Мажите лажат двојно повеќе од жените и во просек кажуваат по шест лаги дневно, покажува истражување од Велика Британија.
За разлика од нив, жените тоа го прават трипати на ден. Најчеста лага што ја кажуваат претставниците на двата пола е „Не ми е ништо, добро сум“, а најчеста лага што ја кажуваат мажите е „Секако дека не си дебела“.
Злобните јазици ќе кажат дека на повеќето мажи им е поважен мирот дома отколку неколку килограми вишок на нивната партнерка, распоредени на „незгодни“ места, а резултатите од ова истражување докажуваат дека жените најчесто ја кријат вистината за своите шопинг-излети.
Имено, повеќето дами дури и во состојба на хипноза не би откриле што купиле и колку точно пари потрошиле за облека, а најчеста лага што ја кажуваат е: „Не, не е нов фустан, го имам со години“. Најчестите варијации на темата на оваа слатка мала лага се: мојата пријателка ми го даде, мајка ми ми го купи, беше на попуст. Дури и најискрената комуникација меѓу партнерите се „гарнира“ со „бели лаги“ кои служат за намалување на емоционалната напнатост и избегнување на непотребни расправии и кавги.
Ако ја слушнеме комуникацијата меѓу партнерите, ќе сфатиме дека за хармонија во бракот и мажите и жените кажуваат многу „бели лаги“ кои не ја нарушуваат нивната врска и имаат функција на спречување или „пеглање“ на несогласувањата.
Мудриот Душко Радовиќ советуваше: „Ако се плашите од одговорот, не поставувајте прашања“.
Не секое знаење е подобро од незнаењето, а паметните партнери знаат дека одговорот на прашањето „Како ти се допаѓаат моите пријатели?“ треба да биде „Навистина се симпатични“, бидејќи се свесни дека ги знаат сите детали за брачниот живот и дека тие се првата „адреса“ за тужби и жалби, па со нив треба да се одржуваат коректни односи.
Потеклото на семејството секогаш е „минско поле“ при секоја партнерска комуникација, а партнерите кои не сакаат да имаат бескрајни дискусии за незгодните карактеристики на свекрвата и бабата мудро ќе кажат: „Секако дека ми се допаѓаат твоите родители“ и си помислуваат „фала богу што живееме на спротивните краеви на градот и што се гледаме само за време на празниците“.
Со оглед на тоа дека појавата на „нови“ пријатели и пријателки во животот на партнерот секогаш предизвикува сомнеж за „интимноста“ на пријателството, повеќето партнери новите пријатели ќе ги претстават со зборовите „Тоа е мојот пријател/ка од основно училиште“, иако симултаниот превод на оваа изјава обично гласи – ова е личноста која ја запознав на забавата од работа со која водев многу пријатен разговор.
Авторите на ова истражување дошле до заклучок дека домот не е единственото место каде што лажеме.
Имено, еден од десет испитаници имал проблеми на работа поради лажење, а четири отсто од работниците добиле прекор затоа што биле фатени во лага.
Пет отсто од испитаниците добиле отказ поради обид за ширење лага.
Ако може да им се верува на резултатите од ова истражување, половите постигнале рамнотежа во деловните лаги, а невистината која ја предводи топ-листата на лаги што им ја пренесуваме на деловните партнери е: „Убаво е што се гледаме повторно“ и „Извини, го пропуштив твојот повик“. Следуваат лагите од типот: „Сообраќајот беше ужасен, ќе ти се јавам за неколку секунди“, „Настинат/а сум“, „Не можев да го исклучам алармот од автомобилот“, „Погрешно го запишав вашиот телефонски број, системот ни падна и автобусот доцнеше.“
Најчестите машки лаги:
- Не ми е ништо, добро сум.
- Не, твојот задник не изгледа голем во тоа.
- Ова ми е последен пијалак.
- Мобилниот немаше мрежа.
- Немав батерија.
- Извини, не видов дека ми ѕвонеше.
- Само што тргнав.
- Не испив многу.
- Не беше многу скапо.
- Заглавив во сообраќај.
Најчестите женски лаги:
- Не ми е ништо, добро сум.
- Не, ова не е ново, го имам со години.
- Не беше многу скапо.
- Беше на попуст.
- Само што тргнав.
- Не знам каде е, воопшто не го допрев.
- Не испив многу.
- Ме боли главата.
- Не, не го фрлив.
- Извини, не видов дека ми ѕвонеше.
Мажите се поголеми лажговци од жените и се чувствуваат помалку виновни за лажењето од жените, покажа истражувањето.
Мајките се личности кои луѓето најмногу ги лажат, покажува ова истражување. Дваесет и пет отсто од мажите ги лажеле своите мајки, а 20 отсто од жените го правеле истото. За споредба, само десет отсто од испитаниците рекле дека можеби го изневеруваат партнерот. Што се однесува до типот на лага, мажите најчесто ги лажат своите партнерки за пиењето. Најчеста лага која ја кажуваат мажите е „Не испив многу“, а потоа „Во ред е, добро сум“. Меѓу десетте лаги што најчесто ги кажуваат мажите се „Немав сигнал“ на мобилниот телефон, „Не беше толку скапо“ и „На пат сум кон дома“, „Заглавен сум во сообраќај“ и „Не, не ти е голем задникот“.